Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Нови пожарникарски возила за Територијалната противпожарна единица на Битола

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Битола од денеска има две нови пожарникарски возила, донација обезбедена во рамки на македонско-грчкиот проект „Firefly“ поддржан од Европската Унија. Во изјава за медиумите, заменик министерот за локална самоуправа Ерџан Селими истакна дека превенцијата и навременото справување со шумските пожари мора да биде приоритет на секоја институција. -Проектот „Firefly“ е […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Битола од денеска има две нови пожарникарски возила, донација обезбедена во рамки на македонско-грчкиот проект „Firefly“ поддржан од Европската Унија.

Во изјава за медиумите, заменик министерот за локална самоуправа Ерџан Селими истакна дека превенцијата и навременото справување со шумските пожари мора да биде приоритет на секоја институција.

-Проектот „Firefly“ е конкретен пример како прекуграничната соработка дава практични резултати за граѓаните. Со поддршка од Европската унија, институциите од Македонија и Грција заедно работат во зајакнување на капацитетите за рано откривање, превенција и ефикасно управување со шумските пожари. Вкупната вредност на овој проект изнесува 545.680 евра, а од нив 20 проценти се со кофинансирање од Министерството за локална самоуправа. Со овие средства обезбедивме современа опрема за заштита на граѓаните, но и природните ресурси, истакна заменик министерот за локална самоуправа Селими.

Реклама

Според градоначалникот Коњановски, со проектот се зајакнува соработката меѓу партнерите од земјава и соседна Грција и се подготвуваат заеднички механизми за превенција и брза интервенција, особено при шумски пожари.

Проектот има конкретни придобивки за пелагонискиот регион бидејќи ТППЕ Битола не ја штити само територијата на Општина Битола, туку и општините Новаци и Могила, а во многу наврати дејствувала и пошироко. Вложувањата во нејзините капацитети претставува вложување во безбедноста на целиот пелагониски регион. Преку проектот „Firefly“ се обезбедува значајна модернизација на противпожарните капацитети преку теренското противпожарно возило со специјална надградба и теренско возило од највисок ранг, нагласи градоначалникот Коњановски.

Територијалната противпожарна единица во Битола во моментов има 32 пожарникари и 18 противпожарни возила.