Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Нови инвестиции во пумпните станици на Општина Илинден

Со цел унапредување на водоснабдувањето, зголемување на сигурноста на системот, намалување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел унапредување на водоснабдувањето, зголемување на сигурноста на системот, намалување на потрошувачката на електрична енергија и оптимизација на водоводната инфраструктура, Општина Илинден реализираше низа инвестиции во современа опрема за пумпните станици и резервоарите на ЈКП „Водовод“ – Илинден, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

– Во препумпната станица Бунарџик инсталирани се две нови вертикални пумпи, со моќност од по 18 kW, наменети за препумпување на водата кон резервоарите во населените места Ајватовци и Бучинци. Истите се управувани преку индивидуални фреквентни регулатори, што претставува значително унапредување во начинот на функционирање на препумпната станица. Како дел од инвестицијата, извршена е и целосна промена и преадаптација на електричната инсталација, при што со реализација на овие активности се надминати долгогодишните технички ограничувања и се создадени услови за посигурно и поефикасно водоснабдување – пишува во соопштението.

Како што се додава, во пумпната станица во населено место Јурумлери, што има значајна улога во водоснабдувањето на населените места на територијата на општините Илинден, Гази Баба и Петровец, набавена и монтирана е нова пумпа со моќност од 30 kW. Пумпата била опремена со индивидуален фреквентен регулатор, со што се овозможува делумна автоматизација и подобра контрола на нејзината работа.

Реклама

– За пумпната станица ОКТА во Јурумлери набавена е потопна потисна пумпа со моќност од 23 kW во собирниот колектор, чија работата е комплетно автоматизирана и управувана со фрекфрентна регулација. Со набавката на оваа пумпа се обезбедува континуиран притисок во цевководот и заштита на постоечката механичка и електрична инсталација од хаварија. Исто така, извршена е замена на нисконапонски прекинувачи во Трафостаницата ОКТА која е дел од пумпната станица. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции во современа опрема, со постепена автоматизација и модернизација на објектите на пумпните станици, со цел обезбедување континуирано, стабилно и ефикасно водоснабдување, како и испорака на здравствено исправна и безбедна вода за сите корисници – се истакнува во соопштението.