Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Нови информативни табли поставени во просторот околу црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Ново Делчево

Нови информативни табли се поставени во просторот околу црквата „Св. Кирил и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови информативни табли се поставени во просторот околу црквата „Св. Кирил и Методиј“ и паркот „Македонија“ во Ново Делчево, со средства обезбедени преку наменската сметка за донации на Општина Делчево.

Вкупната вредност на донацијата изнесува 208.700 денари без ДДВ, односно 246.266 денари со вклучен ДДВ.

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, истакна дека овој простор има посебно значење за жителите на Делчево, бидејќи претставува место поврзано со нивните спомени, верата и заедништвото.

Реклама

– Вредноста на едно дело не се мери во денари. Се мери во она што го оставаме зад себе за нашиот град, за нашата црква и за генерациите кои доаѓаат, посочи Гоцевски.

Тој упати благодарност до Делчевско-каменичкиот епископ г. Марко за, како што наведе, искрената соработка, меѓусебната почит и поддршката што се градат меѓу Општината и црквата.

– Кога сме обединети околу доброто, можеме да направиме многу повеќе за Делчево и за нашите сограѓани, порача Гоцевски.

Од Општина Делчево посочуваат дека со ваквите активности продолжува уредувањето и збогатувањето на јавните простори, со цел создавање подобри услови за граѓаните и зачувување на местата кои имаат значење за локалната заедница.