Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети на АД ЕСМ

Правниот одбор на АД ЕСМ денеска именуваше нови директори во дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правниот одбор на АД ЕСМ денеска именуваше нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата. За директор на подружница РЕК Битола е назначен Тони Петрушевски, дипломиран машински инженер, со претходно работно искуство во приватниот сектор. Досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола. АД ЕСМ се заблагодарува за неговиот ангажман и посветеност во изминатиот период.

Како што информира АД Електрани на Северна Македонија, за директор на РЕК „Осломеј“, е назначен Сашо Вренцоски, дипломиран економист и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во комбинатот. На директорска позиција во Осломеј е именуван и Агим Садику, дипломиран економист со работно искуство во Управата за јавни приходи.

За в.д. директор на подружницата ТЕЦ Неготино, е назначен Александар Галапчев, дипломиран инженер со работно искуство во термоелектраната. Бобан Максимовски, со завршени академски студии од областа на менаџмент ќе биде управител на друштвото за производство на топлинска енергија ЕСМ производство на топлина.