Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Бизнис

Нова странска инвестиција во Mакедонија вредна 25 милиони евра – Mесецов ќе се удри камен темелник

Македонија прва во регионот по странски директни инвестиции по глава на жител…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија прва во регионот по странски директни инвестиции по глава на жител – ова се очекувањата на премиерот , според бројките кои се достапни заклучно со ноември 2024-та.

Инвестициите лани надминаа една милијарда евра, а очекувањата се оваа цифра да се зголеми годинава, со влез на десетици инвеститори во Македонија.  Месецов ќе се удри камен – темелник на нова инвестиција вредна 25 милиони евра, а веќе паднал договор и за инвестиција која ќе дојде во април.

-Во месец април очекувам да биде пуштена уште една инвестиција, а помеѓу март и јуни да се донесе одлука или да се стави камен темелник за уште 5 нови инвестиции. Очекувам овој тренд на инвестициите кој заклучно со номеври беше една милјарда и 40 милиони евра да биде поголем до крај на годината. Народна банка ќе ги објави тие податоци до крајот на овој месец, додаде Мицкоски.

Реклама

Само во втората половина од 2024-та Владата договори осум странски инвеститори во Македонија кои треба да вработат 2.800 луѓе.  Во моментов течат финалните преговори со 15 странски преговори и според информациите од Владата,  за добар дел се веќе завршени преговорите, а останатите ја ставаат Македонија во најтесна конкуренција. Очекувањата се дека ќе падне договор и со нив.

-Во фаза на преговори сме со уште 15 инвеститори. Со дел од нив сме завршени, со дел сме во преговори, а со дел сме во потесна конкуренција со уште неколку земји. Очекувам дека со огромен процент на реализација овие инвестиции ќе бидат успешни, изјави Мицкоски.

Владата на Мицкоски уште  на стартот на мандатот ја промовираше инвестицијата на Алказар Енерџи во вредност од 500 милиони евра со која ќе се изгради ветерен парк помешу општините Карбинци, Штип и Радовиш.  Лани беше договорена и инвестицијата на „Епсотех“  кои ќе изградат  истражувачки центар во вредност од 20 милиони евра и ќе вработат 110 луѓе. Германската компанија „BMZ Group“ започна со изградба на фабрика за  производство на  батерии во капацитет кој чини 65 милиони евра. Се потпишаа и два договори за инвестициите на „Брејнчајлд“. Германската „Костал“ отвора нов погон од 50 милиони евра и нови 250 вработувања. „АД БАУ Интернационал“ ќе вложи 7 милиони евра. Во зоната во Кичево пак фирмата „Avesta“ ќе вложи 40 милиони евра и ќе вработи 600 луѓе. Американскиот Вабтек кој веќе е присутен во земјава ќе ја прошири инвестицијата и ќе произведува сопирачки за шински возила.