Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Нова поликлиника ќе биде изградена во населбата Расадник на барање на жителите на Кисела Вода

Во населбата Расадник ќе биде изградена нова поликлиника за што веќе е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во населбата Расадник ќе биде изградена нова поликлиника за што веќе е обезбедена градска парцела и изработен е основниот проект. Поликлиниката ќе се протега на површина од 1.780 квадратни метри и ќе има подрум, приземје и кат.

Во неа ќе бидат сместени сите неопходни служби за современа здравствена заштита. На приземјето ќе има лабораторија, стоматолошка ординација, детски оддел, итна и дежурна служба, ортопедија и матични лекари, а на катот интерна медицина, кожно, гинекологија и ординација за уво, нос и грло, заедно со административни простории.

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода, кој е кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со кандидатката за градоначалник на Кисела Вода го промовираа овој нов проект што треба да се реализира. 

Реклама

– Изградбата на поликлиниката во Расадник, ќе значи значително унапредување на здравствената заштита и подобрување на квалитетот на животот. Жителите на Кисела Вода ќе имаат брз и лесен пристап до лекари и специјалистички услуги, без потреба да патуваат во други делови на градот, а истовремено таа ќе придонесе за растоварување на постојните здравствени установи во Скопје, рече Ѓорѓиевски.

Изградбата на оваа здравствена установа, според Ѓорѓиевски, е барање на жителите на Кисела Вода. 

– Со години, жителите на Кисела Вода се соочуваа со недостиг од ваква здравствена установа во својата непосредна близина, па за секој лекарски преглед беа принудени да патуваат до други делови на градот. За разлика од изминатите триесет години, во кои оваа тема беше само празно ветување, денес сме во фаза кога изградбата на поликлиниката конечно станува реалност, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски вели дека во делот кај Расадникот кој беше спорен во однос на изградбата на станбени згради нема да се градат станбени згради. 

– Од 99 згради, за 70 проценти во идејното решение е намалена површината на градба. Максималната висина што се предвидува е до седум ката, но јас искрено сметам дека овде не е приоритетно да се градат згради, туку поликлиника и за тоа постои постоечки стар детален урбанистички пан. Згради овде не се приоритет и тоа и го порачувам и на идната градоначалничка и мислам дека за тоа ќе добие силна поддршка од граѓаните, изјави Ѓорѓиевски. 

Парите за изградба на поликлиниката се обезбедени преку унгарскиот кредит, а таа ќе биде изградена по примерот на здравствените установи во Бутел, Илинден и Зеленково.  

– Проектот ќе биде сличен како оној што е во Бутел, Илинден и во Зелениково каде изградбата е во завршна фаза. Парите се обезбедени преку унгарскиот кредит така што сметаме дека е доста значајно граѓаните да имаат здравствена заштита поблиску до нивните домови и да не мора да одат во другите општини за да го остварат своето право на здравствена заштита, изјави заменик-министерот за здравство Јовица Андовски.