Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Бизнис

Нова инвестиција во Штип, фабрика за производство на батерии со 150 вработувања

Економијата заздравува, инвеститорите се враќаат во државата…. Потврдена нова инвестиција во индустриската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економијата заздравува, инвеститорите се враќаат во државата…. Потврдена нова инвестиција во индустриската зона во Штип.  Премиерот најави дека наесен ќе се удри камен – темелникот на фабрика која ќе произведува батерии, а производството ќе биде наменето за извоз. Според првичните податоци инвестицијата е во вредност од 35 милиони евра, доаѓа од европска држава и треба да вработи до 150 луѓе. Планот е за три години да извезува 300 милиони евра кои ќе влезат во домашната економија .

Покрај оваа се најавува влез на уште три  мултинационални компании кои донеле интерна одлука за инвестирање во земјава . Премиерот соопшти дека инвестициите се потврдени, а според ТИРЗ очекувањата се дека четирите  ќе бидат во вредност од над 150 милиони евра и ќе се отворат нови 1.300 работни места.  Директорот на ТИРЗ очекува дека инвестицискиот циклус од јули лани до јуни годинава ќе биде над една милијарда и 200 милиони евра странски инвестиции

Премиерот е задоволен што економијата покажува добри перформанси и како што вели  сме на врвот во регионот… Владата остaнува на проекциите за раст од 3.7 отсто што е планирано во ребалансот на буџетот, кој треба да влезе во собраниска процедура. Според Мицкоски економијата конечно заздравува и се креира позитивна бизнис клима

Реклама

Инаку минатата година инвестициите достигнаа рекордно ниво  од 1 милијарда и 255 милиони евра. Само во последниот квартал од 2024 година  достигнати се 400 милиони евра странски инвестиции.