Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Нова, деветта кривична пријава за струшкиот градоначалник

Се редат обвиненијата против струшкиот градоначалник- незаконското поставување на директор во училиштето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се редат обвиненијата против струшкиот градоначалник- незаконското поставување на директор во училиштето во Подгорци е деветто по ред поднесено обвинение против Мерко за кривично дело несовесно работење. Овој пат за директор на образовата институција именувал библиотекар. За спорното училиште во Подгорци ова е втора кривична пријава, што значи Мерко во два наврати именувал директори без соодветно образование. Првиот пат училиштето допуштил да го води ветеринарен техничар кој од штала дирекно седнал во директорска фотеља. И додека беше актуелен овој скандал, за кој Мерко веќе седна на обвинителна клупа, Државниот просветен инспекторат при контрола на 20.јуни годинава констатирал дека Мерко поставил нов директор без да објави оглас.

“Пријавениот Рамиз Мерко го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање на англиски јазик” велат од МВР

Инаку денеска во основнот суд во Битола требаше да почне судски процес за бесправно градење на објект во склоп на еден струшки хотел, но уште не почнат беше одложен.Во овој случај Мерко  е еден од 11-те обвинети.

Реклама

Наместо на обвинителна клупа во битолскиот основен суд каде што Мерко е еден од обвинетите за изградба на објект во рамките на хотел на струшката ривера, тој се појави тој се појави во гратскиот Совет.Меѓутоа тој не сакаше да го коментира кривичните пријави кои што се водат против него како и последната за именувањето на директор во основното училиште во Подгорци.

Од струшкиот основен суд велат дека овој предмет му е доделен на битолскиот суд, бидејќи во струшкиот немало судии,а сите 4-та биле опфатени во постапката и по закон не можело да постапуваат во редовното судење.Ова е сериозно кривично дело за кое е запретена потенцијална казна затвор од над 5 години.

Росица Голабоска