Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Нова бомба за Заев за наводни судски комбинаторики за предметите на СЈО

Нова аудио снимка се појави на Јутјуб на која наводно се слуша…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова аудио снимка се појави на Јутјуб на која наводно се слуша гласот на екс премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. Разговорот од снимката е за предметите кои ги покрена СЈО како Талир 2, Поштенска банка и истрагата против лидерот на ДУИ Ахмети за неуспешниот попис. Како и за судските постапки за овие случаи. Она што може да се слушне, во дел од медиумите се толкува како пазарење на Заев за истрагите кои ги водеше обвинителството со кое раководеше Катица Јанева, околу тоа каква судбина ќе имаат овие предмети со новиот закон за јавното обвинителство.

“Паѓа Талир 2, паѓа Поштенска банка, паѓаат еден куп предмети, паѓа на Али Ахмети попис, и готово целиот тој ризик е тој.
Почнаа да тепаат невладините организации, граѓанскиот сектор… знаејќи го тоа се’, ако го издржавме тоа, нема како. Она знае што се случува во тој момент и знае што мора да се случи, значи ако она не ги заврши работите, судот ќе ги заврши. Така одат работите, судот носи одлука и спротивно мислење. Така да во тој период тоа се случи” – се вели во аудио снимката.

Во дел од разговорот се слушаат и имиња кои асоцираат на дел од раководството на СДСМ и поранешната специјална обвинителка. Снимката се однесува и на гласање во парламентот и работата на Врховниот и пониските судови.

Реклама

“Значи Врховниот суд ја донесе одлуката и таа одлука се до Врховниот суд додека стига е таа одлука. Доле гледаш заебаваат, основни… не знаат како да постапат, лавираат… Сега во законот го ставивме дека материјалите важат до 30 јули 2017-та, финито, готово тоа и за ДУИ е важно. Доближува гласањето у парламентот, јас и викам, значи тоа го кажувам. Значи комбинациите кои што се правени тогаш со Катица, со Оливер, со Радмила со сите што се чинители тука, да знаат дека се обидуваме да дојдеме до бројки, до се… филмовите се правени комплетно дека луѓето не треба да одат во притвори, имат си дела, нека си одговараат” – се вели во аудио записот.

На аудио снимката не се слуша глас од соговорник. Периодов се појавија неколку снимки за кои се тврди дека се од разговори на поранешниот премиер. Навреди на адреса на шарената револуција, работата на партиите од албанскиот блок и колку вредат гласовите на албанците се дел од темите на кои се однесуваат овие аудио записи.

Адријана Алексиеска