Реклама

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

Македонија

Нов скандалозен говор на омраза на Реџепи- повика на убиство на „луѓето-кучиња“

Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи со нов скандалозен говор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи со нов скандалозен говор на омраза, повика на „убиство на кучињата“. Реџепи оваа порака ја упати при отворање на џамија во кумановското село Опае. Во скандалозниот говор Реџепи споредувајќи ги овие „луѓе- кучиња“ со штетници кои шират болести, вели дека во поранешниот систем биле програмски „чистени“ затоа што ширеле „загаденост“.

-И треба да бидете сигурни дека меѓу нас имаме некои кучиња. Тие се најгнасните кучиња на Господ. Тие што го уништуваат единството на нашиот народ. Тие што му штетат на исламот. Тие што му штетат на нашиот верски и национален идентитет. Би ве замолил да ги идентификуваме кои се кучиња, кои се муслимани, кои се добри луѓе, вели во говорот Реџепи.

Алфа побара став од ИВЗ околу пораките на Реџепи, од таму велат погрешно било преведено. Го прашавме портпаролот на Исламската верска заедница што сакал реисот да каже, тој само кратко ни одговори не можел да ни каже, бил на друг настан.

Реклама

-Не можам сега да ви кажам, на друг настан сум, кратко ни кажа портпаролот на ИВЗ Муземил Османи.

Ова не е прв пат Реџепи да има скандалозни настапи во јавноста. Во октомври минатата година, запрашан околу обвинувањата за криминал од страна на Скендер Бузарку, тој порача дека не се занимавал со како што ги нарече „гејците“, за нив немало место во верските заедници.

-Ние со геј не се занимаваме,  гејците надвор од верските заедници, порача Реџепи на 3 октомври минатата година.

Реисот претходно и посака смрт на судијката која донела одлука Бузаку да биде нов поглавар на ИВЗ.

-Слушнав дека имала проблеми со здравјето. Не ја жалам, таквите нека починати, порача Реџепи на 23 април 2019 година.

Реисот на крајот од скандалозниот говор во Опае се повикува на Шеријатот како закон кој мора да се следи, иако Македонија е секуларна земја. Со ова, Реџепи повторно шири говор на омраза, верски екстремизам и поттикнува насилство, што според законите во Македонија е кривично дело.

Матеја Петровски