Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Нов скандал во скопската Зоолошка, кој и зошто сакаше да ја прикрие смртта на слоницата Дуња?!

Дали и каков третман добивала слоницата Дуња, дали можела да се спаси,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали и каков третман добивала слоницата Дуња, дали можела да се спаси, кој и зошто се обидел да ја прикрие нејзината смрт? Дали го има и каде е патолошкиот наод од Ветеринарниот факултет. Јавноста бара одговори на низа прашања кои се отворија по трагичниот настан во скопската Зоолошка градина. Смртта на Дуња е уште еден скандал кој ја покажува катастрофалната состојба на Зоолошката и условите во кои се држат животните. ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од директорот на оваа институција и скопската градоначалничка. Неодамнешните трагични настани освен смртта на слоницата, ги вклучуваат и угинувањата на жирафите, тигрицата, коњите, црниот лебед, пингвините и џуџестата коза. ЗОО негувателот Стефан Кирков обелодени и дека пред еден месец угинал бизонот, а за неговата смрт јавноста не слушна ни збор.

„Не може да се премине преку фактот дека слоницата, најголемата атракција на Зоолошката градина, тајно е носена, замислете, од скопската Золошка градина до скопската депонија со намера да се скрие нејзината смрт. Каков ум е тоа што мисли дека ќе скрие смрт на слон? Ова е чин на непочитување и отворено криминално однесување. Ја повикуваме градоначалничката на Скопје и од неа поставениот директор Зоран Попов да пристапат одговорно кон ова злосторство врз Скопје и скопјани. Нивното срамно и неспособно раководење доведе до оваа трагична ситуација и тие мора да одговараат пред јавноста и пред законот. Нашите граѓани заслужуваат да знаат што се случува со нивните пари и со институциите“, изјави Кирков.

За трагичниот настан јавноста дозна преку видео снимено со дрон кое циркулираше на интернет порталите, каде се гледа како слоницата со механизација ја транспортираат до депонијата Дрисла. Откако излегоа информации дека раководството на Зоолошката сакало да го прикрие случајот, се огласија и од ЗОО Скопје.

Реклама

Азиската слоница Дуња по насока на сопствениците кои ја позајмија на нашата зоолошка – „Pairi Daiza” од Белгија, со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата донесоа одлука за евтаназија на слоницата. Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси. Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница. За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина, велат од ЗОО – Скопје.

И опозициските Либерално-демократската партија (ЛДП) и СДСМ побараа оставка од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и одговорност од раководството на Зоолошката градина.

Инаку Дуња најголем дел од својот живот го има поминато во шведски патувачки циркус. Со забраната за користење на животни во циркус оттаму Дуња и Даела патуваат во Белгија, во еден од најубавите паркови за слонови во светот- „Pairi Daiza”, каде се констатира дека за жал поради трауматичното минато двете слоници Дуња и Даела нема да можат да живеат во социјална група со други слонови. Во 2018 година доаѓаат во Скопје за да ги живеат нивните „пензионерски денови”.