Реклама

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Бизнис

Нов правилник за поставување на урбана опрема

Нити во туристичките центри,нити во останатите градови низ државава повеќе не ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нити во туристичките центри,нити во останатите градови низ државава повеќе не ќе може да се поставуваат на секој агол, кому како ќе му текне маси, столици и различни објекти од времен карактер на кои се продаваат од сендвичи и палачинки па се до сладоледи и сувенири. ЗЕЛС во координација со министерството за транспорт и врски работи на подготовка и донесување на нов правилник за поставување на урбана опрема. Правилникот ќе биде унифициран и ќе важи за целата територија на државата,нешто што до сега не постоеше.

 Сепак ЗЕЛС е во дирекна комуникација со Владата и добива податоци за тоа што координирано во овој период го правиме, унифицирана програма за поставување на урбана опрема. Затоа што гледајќи од состаноците има разноразни правилници и разноразни правила во поедини општини, значи никаде не е тоа унифицирно”-вели Кирил Пецаков,градоначаник на Охрид

Согласно правилникот ќе се поставува урбана опрема и на плажите. За да не ја дочека Охрид  туристичката сезона без уредни плажи, бидејќи претходната локална власт 5 години не ги понуди плажите под коцесија, нити го изготви планот за управување со охридското крајбрежје, актулената во 2023-та донесе одлука-на 11 плажи да се постави урбана опрема,односно шанкови од природни матерјали. Тригодишните договори кои  концесионерите ги склучија со опшитината ќе бидат еднострано раскинати кога ќе се донесе тој фамозен план за крајбрежјето.

Реклама

 Комуналниот инспектор е тој кој што треба да провери дали врз основа на годишната прграма која што се носи на крај на година за можноста за поставување на урбана опрема се користи површината која што ја плаќаат за маси и столици и дали ги исполнуваат другите услови пешачка зона,коловоз и тн.Сите тие работи кои што се надлежност на комуналниот инспектор е наша работа во одос на урбаната опрема да ги провериме”-вели Пецаков

Во меѓувреме се извршија вонредни инспециски надзори на капалиштата.Безбедноста на луѓето не трпи импровизации,во нити еден сегмент вели Сашо Точков од охридскот Црвен крст.

 “Импровизации не е пожелно да се прават во било кои ситуации каде што се работи за безбедност на луѓе и лица, токму затоа и кажувам дека првата помош е многу битна не само како што бешо порано во дел здравствени организации, само да се потпише уверението за прва помош.Да се дојде, да се научи, да се знае што е реанимација да се научи како се користи дефибрилаторот а не да се импровизира”-вели Сашо Точков-Црвен крст Охрид

Инаку,вонредните инспекциски надзори покажаа дека над триесет угостителски објекти не ги исполнувале во целост потребните минимално технички услови за работа.Од нив,неправилности биле воочени кај 8 угостителските објекти лоцирани на плажите во Струга и 4 на охридските плажи.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски