Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Нов оперативен центар во „8 Септември“: Инвестиција од 12 милиони евра

Од операциони сали каде што мораше да се влегува со чадор кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од операциони сали каде што мораше да се влегува со чадор кога врне, до модерен хируршки центар по европски стандарди. ГОБ „8 Септември“ доби целосно нов оперативен блок со дури седум хируршки сали. Во склоп на комплексот има и нов оддел за интензивна нега, лаборатории, патологија, административен дел и целосно нов кров.

Според директорот на болницата, во македонското здравство сега најголем проблем не се условите, туку недостигот од медицински персонал, кој не може целосно да постигне кога сите можни пациенти од внатрешноста се препраќаат во Скопје. Министерот Алиу уверува дека со добра организација и со зголемениот број на хируршки сали ќе се намали листата на чекање за операции.

„Во здравството недостига персонал, не услови. Пред година и пол, кога не бев ниту дел од менаџментот на болницата, кога зборувавме за национална здравствена стратегија, велевме дека не смееме да дозволиме сè да се централизира во Скопје“, рече директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, вели дека дури и германските инспектори кои извршиле увид во новите сали, биле изненадени од добрите услови и оцениле дека ваков современ оддел нема никаде на Балканот, сè до Виена.

„Ова се дела кои ќе останат и по мене и по оваа Влада, и ова се убави моменти за кои треба да зборуваме – додадена вредност за подобар квалитет на живот на нашите граѓани и европски вредности. Би сакал да споделам со вас уште една работа: господата кои дојдоа од Германија и извршија инспекција на електромеханичката опрема, рекоа дека ваков тип објект нема ни во Германија“, кажа премиерот Мицкоски.

Инвестицијата од 12 милиони евра за оперативниот блок е финансирана од ТАВ Македонија.

„Се надевам дека од тука ќе излегуваат добри приказни, успешни оперативни зафати, излекувани пациенти и луѓето ќе си заминуваат со насмевки од тука, а ние ќе продолжиме да работиме“, истакна вицепремиерот Александар Николоски.

„Се сеќавам, пред многу години бев пациент токму во оваа болница и добив исклучителна грижа од персоналот и докторите. Иако мојата состојба не беше сериозна, навистина чувствував дека сум во сигурни раце“, истакна директорот на ТАВ,

Хируршкиот блок се очекува да почне да функционира за околу два до три месеци. Ова е само еден од бројните проекти на Владата во јавното здравство. Пред еден месец беа пуштени во употреба реновираните шест хируршки сали во Ургентниот центар на Клиничкиот центар, а следува обнова на уште четири. Се планира изгградба на болниците во Штип и Кичево, а ќе се реконструира и болницата во Тетово.