Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

„Нов моментум за проширување“: Мицкоски во Тиват ќе слушне што имаат Мерц и Макрон

Нови можности за проширување. Во пресрет на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват, објавен нон пејперот на Германија и Франција со кој се предвидува постепено проширување на Унијата, што отвора можности и за Македонија. Двете земји предлагаат нов пристап во политиката за членство, кој треба да овозможи побрза и подлабока интеграција на земјите аспиратни, уште […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови можности за проширување. Во пресрет на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват, објавен нон пејперот на Германија и Франција со кој се предвидува постепено проширување на Унијата, што отвора можности и за Македонија.

Двете земји предлагаат нов пристап во политиката за членство, кој треба да овозможи побрза и подлабока интеграција на земјите аспиратни, уште пред полноправното членство. Во документот се нагласува дека целта за полноправно членство останува непроменета и дека постепената интеграција не треба да биде замена за членство. Според нон пејперот идејата е да се создадат дополнителни стимулации за побрз напредок на земјите кандидати.

Меѓу другите предлози се и привилегиран пристап до внатрешниот пазар, постепено добивабе статус на наблудувач во институциите на ЕУ, почести заеднички состанови со Европската Комисија и Европскиот Парламент, како и учество во одредени точки од дневниот ред на Своетот, но без право на глас.

Реклама

-Тоа треба да опфати, меѓу другото, привилегиран пристап до единствениот пазар врз основа на нивниот суштински напредок во преговорите, како и поблиски врски со европските институции во секојдневниот процес на одлучување, на пример, преку доделување постепен статус на набљудувач на земјите кандидати на состаноците на институциите на ЕУ, под услови што ја почитуваат автономијата на процесот на донесување одлуки во Унијата, се вели во нон пејперот.

Со нон пејперот Париз и Берлин предлагаат поеднеставување на сегашната методологија, намалување на процедуралните пречки и побрзо отворање на релевантните преговарачки кластери, доколку тоа го овозможи Европската Комисија и ако има согласност од земјите членки.

-За да ја претвориме оваа амбиција во реалност и да внесеме нова динамика, мора да обезбедиме дополнителни поттикнувања како дел од процес на постепена интеграција заснован на заслуги, како и да го поедноставиме сегашниот процес за да стане поефикасен и да овозможи побрза и подлабока интеграција во ЕУ врз основа на Копенхашките критериуми, се вели во нон пејперот.

Во пресрет на работниот дел од Самитот, премиерот Христијан Мицкоски се сретна со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон. На двете средби се разговарало за европската иднина на регионот, а околу предлогот за еден вид фазно членство, очекува повеќе да се разговара во работниот дел.

-Процесот на проширување останува жив, она што е наша задача како Влада е да тој процес го зачуваме, да напредуваме, но истовремено достоинството да не го изгубиме, како што тоа беше пример во минатите децении кога станува збор за нашите македонски аспирации, кога станува збор за членство во рамките на Европската Унија. Нашата цел е да останеме држава која испорачува најмногу реформи, истовремено да останеме фокусирани на проширувањето, истовремено да го сочуваме националното достоинство, изјави премиерот Мицкоски од Тиват.

Македонската делегација во Тиват бара јасен и извесен пат, со развиени гаранции дека Македонија нема повеќе да биде жртва на непринципелни уцени и ќе движи напред. Македонските позиции во однос на моменталната ситуација се јасни и непроменети. Мицкоски повторни дека нема цена, која може да го натера да влезе во авантура, во која што нема да има извесен крај. Според премиерот, Македонија многу пати добивала ветувања во минативе две и пол декади, но сепак се уште сме вели каде што сме. Потенцира дека маратонот за влез во Унијата се победува со ум, а не со притисок и брзање.

Матеја Петровски