Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Нов датум, стара мисија: Струшките вечери на поезијата почнуваат на 24 јуни

Првпат по шест децении, Струшките вечери на поезијата го менуваат терминот на одржување. Наместо традиционално во август, 65. издание на најголемата светска поетска манифестација ќе започне на 24 јуни. Причините се помали трошоци, подобри услови за гостите, но и надеж за поголема публика. Но, не само тоа – новиот датум носи и силна симболика. „Токму […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првпат по шест децении, Струшките вечери на поезијата го менуваат терминот на одржување. Наместо традиционално во август, 65. издание на најголемата светска поетска манифестација ќе започне на 24 јуни. Причините се помали трошоци, подобри услови за гостите, но и надеж за поголема публика. Но, не само тоа – новиот датум носи и силна симболика.

„Токму на тој ден се одбележува еден, би рекол, исклучително значаен јубилеј за нас, бидејќи се навршуваат точно 165 години од објавувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Мислам дека таков јубилеј не можеме на подобар начин да го одбележиме, освен со почетокот на манифестацијата, која, впрочем, е основана и во нивна чест“, вели Никола Кукунеш, директор на Струшките вечери на поезијата.

Паркот на поезијата, пак, веќе 40 години е местото каде што лауреатите засадуваат дрвја, чувајќи ја меморијата на светската поезија преку живи споменици на најголемите поетски имиња.

Реклама

Струшките вечери на поезијата повеќе од шест децении се амбасадор на културата не само на Струга, туку и на Македонија.

„Она што ние го носиме овде, како значајни личности од светот на поезијата, е важно и за целата држава, бидејќи со тоа испраќаме слика за тоа кои сме и какви сме. Она што воодушевува е фактот што имало лауреати кои најпрво го добиле „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, а потоа станале добитници на многу повисоки и попрестижни признанија, како што е Нобеловата награда“, вели Кукунеш.

Лауреат на 65. издание е холандската поетеса Анеке Брасинга.

Досега тројца македонски поети го понеле највисокото признание – „Златниот венец“: Блаже Конески, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ.