Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Низок опфат на МРП вакцина во Куманово, лекарите повикуваат родителите да ги вакцинираат децата

Опфатот со првата доза МРП вакцина во Куманово е околу 40 проценти,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опфатот со првата доза МРП вакцина во Куманово е околу 40 проценти, додека со втората доза се опфатени околу 80 проценти од децата, што е значително под потребниот опфат од 95 проценти за колективна заштита, информираше денеска,  д-р Валентина Димитриевска-Богоевска, началник на оддел за вакцинација од  Здравствениот дом Куманово.

Таа посочи дека со почетокот на учебната година продолжува вакцинацијата на децата кои не ги примиле сите вакцини согласно редовниот календар за имунизација.

-Започна учебната година и вакцини примаат деца кои немале примено вакцини по редовниот календар за имунизација. Сите оние на кои им недостигаше некоја вакцина дојдоа, се вакцинираа и добија потврда. Оние кои останаа без примени вакцини не добија потврда, но добија совет и термин кога треба да дојдат за наредната вакцина за да го комплетираме вакциналниот статус, изјави д-р Димитриевска-Богоевска.

Реклама

За редовно имунизирано дете до осумнаесетмесечна возраст треба да бидат примени вакцините предвидени со календарот за имунизација, меѓу кои вакцините против дифтерија, тетанус, пертусис, хепатит Б, детска парализа, како и МРП вакцината и ревакцината на 18-месечна возраст. Во календарот е вклучена и вакцината против стрептокока, која се дава во првите месеци од животот.

Димитриевска-Богоевска информира дека ревакцинацијата продолжува со почетокот на училишната возраст. Во прво одделение се дава МРП вакцината, во второ одделение следува ревакцина против дифтерија, тетанус, пертусис и детска парализа, додека во седмо одделение се прима вакцината против хуман папилома вирус. Во деветто одделение следува ревакцина против дифтерија, тетанус и детска парализа, а во завршните години од средното образование се спроведува и вакцинацијата против тетанус.

Таа посочи дека кај средношколците опфатот со вакцинација против тетанус е околу 70 до 80 проценти. Дел од учениците, како што вели, ја пропуштаат вакцинацијата поради заборавање или свесно одбивање.

-Ние ги обработуваме податоците, ги прегледуваме картоните и списоците на децата на училишна возраст и оние кои пропуштиле некоја вакцина ги повикуваме. Во соработка со основните и средните училишта организираме термини за вакцинација, но децата можат да дојдат во секој момент, доколку пропуштиле вакцина, рече таа.

Во однос на МРП вакцинацијата, Димитриевска-Богоевска посочи дека актуелните случаи на морбили во регионот се дополнителен поттик за родителите да ја проверат вакциналната состојба на своите деца и навреме да ги вакцинираат.

-Во околината имаме случаи на морбили, а во Косово и Бугарија  има и епидемија. Затоа апелираме и советуваме децата да се вакцинираат. Совеста на родителот треба да го води за да го заштити своето дете, но и околината, нагласи Димитриевска-Богоевска.

Таа додава дека здравствените работници вложуваат максимални напори преку повикување и советување на родителите, но дел од нив и натаму одбиваат да ги вакцинираат децата.

-Ние како здравствена установа и детски диспанзер, кој е одговорен за превентивата, максимално се трудиме да ги повикаме и да им објасниме. Ако некој ставил мислење дека вакцините не се добри и дека можат да влијаат на развојот на детето, тоа нè носи во еден амбис. Треба малку повеќе внимание да се посвети на ова прашање, да се организираат емисии и средби со родителите за да можеме да им објасниме од медицински аспект што е правилно- додава докторката.

Од Здравствениот дом се во комуникација и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат во однос на лицата кои подолго време не се јавуваат на повиците за вакцинација. Димитриевска-Богоевска повторно апелира родителите да го проверат вакциналниот статус на децата и да ги надополнат пропуштените вакцини.