Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ништо нема да го спречи планот на Министерството за образование да расчисти со образовниот криминал

Поради недоследности во работењето, Меѓународниот универзитет во кој сопственик е синот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради недоследности во работењето, Меѓународниот универзитет во кој сопственик е синот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, Генц Мерко се најде под лупа на Државниот просветен инспекторат и Агенцијата за квалитет во образование. Се проверува начинот на кој се делеле дипломи со оглед на фактот дека голем дел високи функционери се описмениле токму во оваа високо образовна институција, во која неофицијално се откриени над 800 ненострифицирани дипломи. За оваа образовна иституција која своевремено експресно за една недела доби лиценца за отворање на Факултет за здравствени науки која потоа беше поништена, министерката за образобание Јаневска, обзнани дека има многу пријави за нерегуларно работење.

„За универзитетот на Мерко како и за некои други универзитети има многу, многу пријави за нерегуларно работење. Она што може ДПИ да го направи со многу малку чесни и стручни инспектори, го прави. Ќе продолжат посетите на ДПИ во Струга но овде баш ми дадовте прилика уште нешто да кажам, има институции кои воопшто не соработуваат ниту со ДПИ ниту со министерството за образование и наука, има луѓе кои се дрзнуваат да се закануваат на вработените во министерството за образование”-рече Весна Јаневска,министер за образование

Јаневска кажа дека до сега се затворени 5 научни иститути кои не нуделе никаква дејност и образование.ТокмуОрганизираниот образовен криминал го седна струшкиот градоначалник на обвинителна клупа. Против него моментално актуелни се 9 обвиненија и тоа за незаконско поставување на директори во основни училишта, за набавка на луксузното возило ауди А6 купено за сума од 67.000 евра. Тој е трето обвинет и во случајот со бесправно градење на објект во еден струшки хотел. Ова ја отвора дилемата дали му виси градоначалничката функција на Рамиз Мерко кој и по серијата скандали, кривични пријави и обвиненија кои се редат против него во 16 годишното градоначалствување, тој се подготвува и за 5-ти градоначалнички мандат.

Реклама

 “Сама си пука Дуи во нога доколу повторно вакви лица кандидира.Мислам дека тоа сигурно нема да се случи не би очекувал таква ситуација, а за тоа што Мерко сеуште ја врши функцијата,само кажува за неговиот интегритет како личност”-вели Марко Трошановски,Институт за демократија

Од опортунистички причини не верувам дека ДУИ повторно би го кандидирала Мерко, тежината на американското влијание особено врз албанскиот електорат е многу големо,цени Трошановски.Инаку овој мандат во кој се процесуираа до сега 9 обвиненија,му преседна на Мерко. Во претходните три против него беа поднесени 14 кривични пријави,но само еден предмет беше процесуиран во струшкиот Основен суд.

Росица Голабоска