Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Никовски: Двете средби на Мицкоски со Макрон и Мерц се значајни за Македонија, реформите мора да останат приоритет

Македонската влада активно работи на надминување на застојот во евроинтегративниот процес. Самитот во Тиват и средбите на премиерот Мицкоски со францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Мерц, отворија можност за нов пристап кон решавањето на спорот со Бугарија и деблокирање на европскиот пат на земјата. За познавачите, средбите на премиерот со двајцата највлијателни европски лидери […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската влада активно работи на надминување на застојот во евроинтегративниот процес. Самитот во Тиват и средбите на премиерот Мицкоски со францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Мерц, отворија можност за нов пристап кон решавањето на спорот со Бугарија и деблокирање на европскиот пат на земјата. За познавачите, средбите на премиерот со двајцата највлијателни европски лидери се значаен дипломатски успех на Владата и потврда дека Македонија е присутна на европската агенда.

Двете средби кои ги имаше нашиот премиер со главните држави на унијата се значајни. Премиерот сам кажа дека добил одредени, не ветувања, туку одговори на проблемите со кои се соочуваме. Тој е единствениот кој се сретна со главните двајца лидери на унијата. Но, во целина состојбите се такви, Македонија мора да се сконцентрира на реформите, а тоа е и пораката од самитот во Тиват, дека тие што ќе напредуваат ќе имаат привилегии, да се приближуваат приклучуваат на некој начин во Унијата“, изјави аналитичарот Ристо Никовски.

Премиерот Мицкоски по самитот порача дека процесот на проширување останува жив и дека од разговорите со Макрон и Мерц добил убедувања и охрабрувачки сигнали дека напредокот на земјите кандидати треба да се вреднува според резултатите од реформите, а не според билатерални спорови.

Реклама

„Во овие две години откако сум претседател на Владата, пораките од Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват беа најсилни дека процесот на проширување не е завршен. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме резултати врз основа на заслуги, а не врз основа на билатерални прашања“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Осврнувајќи се на француско-германскиот нонпејпер, премиерот истакна дека европските институции веќе добиле насоки за негова операционализација и дека документот предвидува подлабока интеграција на земјите од Западен Балкан во одредени европски политики и механизми. Според Мицкоски, нонпејперот не е замена за членството во Европската Унија, туку дополнителен механизам за приближување на регионот кон Унијата, кој ќе се одвива паралелно со процесот на проширување. Тој ја отфрли како  неточна тезата на одредени експерти дека планот од нон-пејперот не може да се аплицира за македонија, поради тоа што земјата формално ги нема стартувано преговорите по кластери. Според него, документот е прецизно направен за да овозможи механизми дури и за земјите кои се само кандидати или немаат одржано прва меѓувладина конференција.