Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Николовска: ДЗР утврди дека СЈО исплаќало плати и надоместоци спротивно на закон

Дали може да ни објасните за бонусите  кои ги земавте од СЈО…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали може да ни објасните за бонусите  кои ги земавте од СЈО и додатоци за тајност? Jас тоа го прашувам од еден друг аспект, бидејќи јас исто така водев еден предмет кај што беше гонета одредена особа за исто такви некои додатоци, надоместоци и тоа од обвинител исто нели постапува од СЈО којшто притоа од она што беше пласирано во медиуми. Јас не знам, не тврдам дека биле земани бонуси односно додатоци за тајност. За мене како адвокат, читајќи го и Законот за јавно обвинителство и Законот за специјалното јавно обвинителство, па сметам дека една од основните работи во постапувањето на секој јавен обвинител е точно да ги чувате, податоците до коишто дошол во своето работење и да не ги изнесува, изјави Ружица Николовска, член на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во дебатната емисија, стои во партиското соопштение.

Николовска се осврна на работата на поранешното СЈО, односно постапувањето за предмети од висока корупција, потенцирајќин дека „според конечниот извештај за извршена ревизија на усогласеност на плати и надоместоци за и други надоместоци во СЈО каде што токму за овој додаток се утврди дека во тој период, да не згрешам од 2016 јануари до септември 2019 година точноста на пресметките, евидентирањето и исплатата не се во согласност со релевантната законска регулатива.

Николовска нагласи дека според ревизорскиот извештај за усогласеност на плати и надоместоци и други надоместоци во СЈО, како што кажа, во период 2016-2019 година,точноста на пресметките, евидентирањето и исплатата не биле во согласност со релевантната законска регулатива. Таа додаде СJO ги чинело граѓаните и оваа држава милионски суми, без конкретни испорачани резултати.

Реклама

-Овдека од она што се читаше, од она што беше достапно во јавноста се зборуваше за навистина огромни суми. СJO ги чинеше граѓаните и оваа држава милионски суми за нешто што не се испорача, значи нула резултат – рече Николовска.