Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Николоски:Пари на рака за израелскиот пи-ар експерт од тендери во РЕК Битола

Израелскиот пи-ар стратег на СДСМ и Стево Пендаровски – Асаф Еисин, бил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Израелскиот пи-ар стратег на СДСМ и Стево Пендаровски – Асаф Еисин, бил кеширан од сомнителни пари поврзани со тендерите во РЕК Битола. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, повикувајќи се на кредибилни информации на партијата обледенува злоупотреба со скандалозно исплаќање на Еисин, од страна на Ковачевски и Пендаровскки.  

“До нас стигаат кредибилни информации дека ова лице е плаќано на рака, односно во кеш, од средства кои што се сомнително прибавени од страна на политичката партија СДСМ, најчесто од тендерите во РЕК Битола за кои што јас лично зборував во изминатиов период. Дали можеби странскиот консултант е платен од тендерите кои што ги доби во РЕК Битола белорускиот конзул? И дали е ова начинот на кој што е исплаќан овој странски консултант?” – вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.

Дополнителен сомнеж за матна зделка според потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, е тоа што нема објавено договор помеѓу СДСМ и Асаф Еисин. Како што нагласува Николоски, тоа е кривично дело.

Реклама

“Во таа насока не добивме одговори зошто не е објавен договорот кој што СДСМ го склучила со Асаф Еисин и зошто истиот не е евидентиран како и тоа дека доколку склучиле договор за работа за на изборите се работи за тешко кривично дело имајќи предвид дека изборните сметки сеуште не се отворени и во моментот на почеток на ангажман  не ни можеле да бидат отворени затоа што формално процедурата за номинирање на кандидати, нити за претседател, нити за пратеници не беше завршено” кажа Николоски.

Николоски вели дека јавноста заслужува транспарентен одговор за што служи Асаф Еисин, но наместо тоа добила конфузни одговори, од една страна од кабинеот на Пендаровски соопштија дека тој  се среќавал со израелецот, но не  бил негов консултант туку на СДСМ. Од друга страна Ковачевски изјави дека немаат каков било консултант од Израел.

Инаку, израелецот Асаф Еисин е познат како консултант на српскиот претседател Александар Вучиќ и со години се споменува како главен креатор на победничките изборни кампањи на првиот човек на Србија.