Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Николоски: Жалиме за одлуката на Бугарија, остануваме силно посветени на изградба на железничкиот Коридор 8

Бугарија, а не Македонија е кочницата на коридорот 8. По информацијата дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија, а не Македонија е кочницата на коридорот 8. По информацијата дека Бугарската влада ќе престане со модернизација на пругата кон Македонија односно на делниците Софија – Перник, Перник – Радомир,  а средствата ќе ги пренамени за домашните железнички проекти, Македонските власти ги известиле   европските институции и Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој бидејќи имаме кредит во висина од 350 милиони евра.

 Николоски изрази жалење за ваквиот потег од Бугарија и остави отворен терен дијалогот да продолжи. Со ова како што рече паѓа во вода пропагандата дека тој и Мицкоски имаат нешто против Бугарија, а соседите испраќаат политичка порака.

 Испраќаат политичка порака за нивната посветеност на изградбата на желензичкиот Коридор 8. Паѓа во вода целата пропаганда тоа што во изминатите месеци бевме напаѓани јас и премиерот Мицкоски дека имаме нешто против Бугарија и дека сме биле некаква оска Атина-Белград и слични глупости. Вистината излезе, а тоа е дека тоа било само залажување и пред јавноста и пред европските партнери. Утрово испратив писма до европските институции и до двете европски банки, имајќи превид дека Македонија има потпишано договори за кредит за Коридорот 8 во висина од 350 милиони евра и за истите доколку не се искористат, ќе треба да плати резервации. Мораме да го заштитиме финансискиот интерес на државата, рече Николоски пред медиумите, Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт

Реклама

Во моментов се работи на завршување на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка, а за третата фаза дали ќе се гради се зависи дали ќе продолжи дијалогот со Софија. Македонија формираше и работна група на највисоко ниво со цел да се изнајде решение за прекуграничниот тунел. Нашиот предлог беше да се најде заеднички изведувач за пробивање. Последно, на седми март министерот за транспорт преку македонското МНР испратил и писмо до бугарското МНР дека е формирана работната група во Македонија и се очекува максимална посветеност од Бугарија за  железничко поврзување на Скопје и Софија.

„Ние продолжуваме да работиме на Коридорот 8. Сметаме дека тој коридор е од исклучително значење за целиот регион и за Европа. Нашата посветеност останува“, изјави Николоски.

Инаку, потребата за промена на проектот се обелодени по доаѓањето на новата власт. Николоски октри дека бил проектирана пруга која завршува во тунел без крај, а проектот тогаш требаше да чини дури 24 милиони за километар. Паралелно со преговорите со Бугарија, Македонија работеше на првата фаза, од Куманово до Бељаковце која беше пуштена во употреба во јануари годинава.