Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Николоски: Заврши времето на етнички поделби и непринципиелна политика

„Ветивме дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа се случи после…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ветивме дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа се случи после 20 години, а прашање на време e пензионирањето на Али Ахмети. Ако Билал Касами сака да биде алтернатива на нив, тогаш треба да биде целосно различен од нив, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

-Ние ветивме минатата година дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа се случи после дваесет години. Во текот на кампањата и до формирање на Влада, најголем број од луѓето не ни веруваа дека ова ќе го реализираме. Така што ние го направивме она што сите го ветуваа, а не го направија. Второто што го ветивме е дека Али Ахмети ние политички ќе го пензионираме и еве го, само прашање на време кога и како тоа ќе се случи, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ испрати и порака до лидерот на БЕСА, за кого потенцираше дека политиката на етнички поделби се удри во ѕид и заврши неславно и дека соработката во Владата може да продолжи само врз основа на принципи и вредности.

Реклама

-Mислам дека основното што политичарите треба да го разберат, е дека не можат да се алтернатива ако се исти. Така што, ако Билал Касами сака во Тетово да биде алтернатива на Теута Арифи и на претходни кои што биле таму градоначалници од ДУИ, тој не може да е исти како нив, тоа е прво. Второ, не треба да се срами и да му е непријатно тоа што Македонците во Тетово гласаа за него во првиот круг. Тој сега треба да им испорача на тие луѓе, затоа што тоа се негови поддржувачи. Политиката на етнички поделби се удри во ѕид и заврши неславно, но доколку таа политика продолжи во нов формат, тогаш која е разликата? Ние ќе продолжиме да соработуваме во Влада, но само врз основа на принципи и на вредности. Не можите вие да држите митинзи и да зборувате дека треба во Тетово да победи Билал за да не се врати ДУИ, а во исто време да речите во Кичево гласајте за ДУИ. Тоа е непринципиелна политика, порача Николоски.