Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Николоски: За две години инвестирани 350 милиони евра во општинска инфраструктура

За само две години Владата вложила 350 милиони евра во општините. Низ државата се релиаизраат стотици локални проекти кои директно го подобруваат живтот на граѓаните. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски само преку проектот за локални патишта, од 2024 до 2026 година се инвестирани над 25 милиони евра. Тој истакна дека ова е […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само две години Владата вложила 350 милиони евра во општините. Низ државата се релиаизраат стотици локални проекти кои директно го подобруваат живтот на граѓаните. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски само преку проектот за локални патишта, од 2024 до 2026 година се инвестирани над 25 милиони евра. Тој истакна дека ова е најсилната поддршка што локалната самоуправа ја добила досега, нагласувајќи дека целта е подобра инфраструктура,побезбедни улици и поквалитетен живот за граѓаните во сите општини низ државата.

“Рехабилитирани се 96 улици во 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, а во фаза на реконструкција се уште 31 километар патишта, што значи дека некаде околу 103 километри патишта се рехабилитирани, изградени целосно нови или во тек се на изградба во овој момент со поддршка на Светска банка” – изјави вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски

Освен засиленото инфрастуктурно работење, со поддршка од Светска банка се набавуваат и 49 нови возила и машини за чистење – вредни 4,2 милиони евра. Тие треба да помогнат во борбата со нечистотијата на улиците и преполните контејнери.

Реклама

“Се купуваат 17 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со вкупна вредност од 1,5 милиони евра, 3 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со соодветни механизми со вредност од 283 илјади евра, 9 специјализирани камиони кои што се во вредност од 982 илјади евра, 21 машина за чистење на улици во вредност од 1,3 милиони евра или вкупно како што кажав за 4,2 милиони евра се купуваат 49 возила со поддршка на Светска банка” – изјави Николоски.

Од Град Скопје најавија дека за само еден месец ќе бидат поставени и 2.600 нови контејнери на различни локации.

“Чекаме во секој момент да биде потпишан договорот за набавка на 2.600 нови контејнери. Станува збор за бројка што не е набавена последните десет години. Дури и ако се соберат сите набавки на контејнери во изминатата деценија, не се достигнува оваа бројка. Недостигот од контејнери беше еден од најсериозните проблеми во Комуналната хигиена. На многу микролокации во градот недостигаа контејнери, а постојните со години не беа заменети. И тој проблем веќе го решаваме – истакна Ѓорѓивски

Во ЗЕЛС се одржа состанок со голем број градоначалници од скопскиот регион, на кој главна тема беше развојот на одржливата урбана мобилност и подобрувањето на сообраќајната инфраструктура.Тие порачаа дека потребни се мерки за побезбеден, поефикасен и поеколошки транспорт во општините.