Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Николоски во Солун на самит за инвестиции во транспортот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе учествува на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што ќе се одржи денеска во Солун во организација на Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, Транспортната заедница, Европската банка за обнова, развој и Европската инвестициска банка, со поддршка на Инвестициската […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе учествува на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што ќе се одржи денеска во Солун во организација на Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, Транспортната заедница, Европската банка за обнова, развој и Европската инвестициска банка, со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Николоски ќе се обрати на панелот „Остварување на проширувањето на TEN-T: Приоритети на инфраструктурата и инвестициски предизвици во Западен Балкан“, каде што ќе ги претстави тековните и идните проекти во патната и железничката инфраструктура на коридорите 8 и 10 и ќе укаже на важноста од координиран пристап за инфраструктурното поврзување. 

Како што изјави претходно Николоски, во Солун на средбата на највисоко ниво меѓу Македонија, Грција, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, во присуство на европскиот комесар за транспорт и мобилност, Апостолос Цицикостас, ќе биде потврдена важноста на инвестициите во Коридорот 10. 

Реклама

На самитот, чиј домаќин е грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Христос Ставру Димас, ќе учествуваат Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, Марк Боуман, потпретседател за политика и партнерство во Европска банка за обнова и развој, Роберт де Грот, потпретседател на Европската инвестициска банка, претставници на приватниот сектор…

На маргините на самитот  Николоски ќе има билатерални средби со српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Александра Софронијевиќ, косовскиот министер за инфраструктура,  Димал Баша, високи претставници на ЕБОР и на други меѓународни финансиски институции… 

Во фокусот на самитот се имплементацијата на проширувањето на TEN-T, коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, Планот за раст за Западен Балкан. Собирот е можност за координација на донаторите, подготовка на проекти, јавно-приватно партнерство, во насока на финансирање одржлива, отпорна и подобро поврзана транспортна инфраструктура.

– Западен Балкан и соседните региони на ЕУ работат на развој на побезбедни, позелени, поотпорни и подобро поврзани транспортни мрежи усогласени со европските стандарди. Иако Планот за раст за Западен Балкан обезбедува значителна поддршка обезбедена од ЕУ, вкупните инвестициски потреби во транспортниот сектор остануваат значително повисоки. Затоа на самитот ќе се разгледа како да се подобри координацијата на донаторите, да се зајакне подготовката на проекти, да се зголеми учеството на приватниот сектор и да се претворат приоритетите за поврзување во конкретни инвестиции – велат организаторите.