Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на општина Струга.
Николоски во Струга со градоначалникот Менди Ќура ќе изврши увид во реализација на инфраструктурни проекти во општината.
Како што информираат од Министерството за транспорт, предвидени се изјави за медиумите.

