Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Николоски: Ветивме дека градскиот воз ќе почне на 1 септември и така се случи, ова е почеток на реализација на визијата за поефикасен јавен превоз

Ова е почеток на реализација на една визија што треба да значи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова е почеток на реализација на една визија што треба да значи далеку поефикасен јавен превоз, поголема заштита на животната средина, намалување на загадувањето и поголема мобилност на жителите на градот Скопје и сите општини што гравитираат околу него – рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски откако со градскиот воз, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, раководствата на железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и нивни вработени, придружувани од медиуми, пристигна во Скопје од железничката станица во Зелениково. 

Со симобличното возење беше означено пуштањето на првата фаза од градскиот воз, чија реализација, како што напомена Николоски, е доказ дека кога се има јасен план, концепт и визија, може да се рализираат проекти.

– Ова е доказ дека она што пред две години се сметаше за заборавено и напуштено, а тоа е железничкиот превоз, повторно се враќа во живот. Ако пред две години имавме целосно напуштени пруги, затворени железнички станици, кои се распаѓаат, нефукнционални возови и локомотиви, денес имаме јасен и активен карго-превоз, а од вчера имаме и градски воз. Ветивме дека ќе почне на 1 септември и така се случи. Се надевам дека градскиот воз ќе им помогне многу и на учениците и на средноколците, како и на луѓето што сакаат да дојдат до своите работни места и на пензионерите – истакна министерот.

Реклама
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и раководствата на железничките пртрпијатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“, придружувани од медиуми, утрово од Новата железничка ст

Според директорoт на ЈП „МЖ Инфраструктура“, Синиша Ивановски, денешното симоблично возење со градскиот воз ја отсликува детерминираноста на Владата да иневстира во обновување на железничката мрежа.

– Од Зелениково до Скопје сега има 25 километри реконструирана железничка мрежа. На оваа фаза имаше бетонски прагови од 1959, 1963 година, состојбата на пругата беше крајно незавидна и поради тоа бавно се возеше, дури и со само 20 километри. Во овој момент возовите без никаков проблем гравитираат со брзина од 80 километри на час, а некаде и со 100 километри на час, така што од Скопје до Зелениково се стигнува за неполни 25 минути. Од Центар до Зелениково има повеќе станици и постројки. Има и 11 патни премини, а на секоја станица ќе има и паркиралишта за велосипеди – потенцира Ивановски.

Тој апелира јавноста да се однесува внимателно и да ја почитува сигнализацијата на патните премини.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изрази надеж дека со иста динамика и толку брзо темпо ќе се реализираат и наредите две фази за поефикасен транспорт во градот.

– Ова е една од алтернативите во транспортот, која треба граѓаните да ги извади од автомобилите. Втората фаза е модернизацијата на ЈСП „Скопје“ за која е веќе завршена постапката и потпишан е договорот. Многу бргу ќе стигнат новите 100 автобуси. Третата фаза е реализација на проектот БРТ и таму е финиширано сè. Во наредните 10 дена ќе се распише тендерот за избор на оператор. Бргу се движиме, бргу се модернизираме и како Град Скопје имаме силна поддршка од Владата – истакна Ѓорѓиевски.

Фото: МИА