Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Николоски: „Титаник 2 “ ја покажа криминалната коалиција на дело

Криминална коалиција – претседателот на вмро-дпмне, Александар Николоски, запрашан како ја коментира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминална коалиција – претседателот на вмро-дпмне, Александар Николоски, запрашан како ја коментира одлуката на апелацискиот суд, кој, неофицијално, ја укинал затворската казна за обвинетите во случајот „Титаник 2“ порача:
„Што да ви кажам, имав јас едно интервју минатата недела би сакал еве главната поента да ја повторам. Има два типа на случаи кои што ги гледаме во судовите. Едни кои што одат многу споро и кои што одат многу брзо. Во едните или судијата заборава да закаже рочиште по 90 дена па почнуваат од почеток или вака се донесуваат ослободителни пресуди, а другите гледаме одат по 12 часа на дена, па преспиваат луѓето па продолжуваат утре дента. Во првите има договор со Зоран Заев во вторите нема договор со Зоран Заев. Јас зборував уште минатата година дека постои криминална коалиција, таа криминална коалиција ја гледаме на дело. Интересно е што пред оваа судска одлука имаше изјави на еден од сега веќе ослободените во однос на тоа дека Албанците треба да гласаат директно за СДСМ, а исто така е интересно што еден од членовите на Судскиот совет е сопруга на висок функционер на СДСМ што само потврдува дека се работи за потврда на криминалната коалиција за која што ние зборуваме повеќе од година и пол која што за жал функционира во државата, ја разјадува државата, го разјадува судството и го разјадува владеењето на правото“.