Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Николоски: Со Грција е договорено да се прошири преминот „Богородица“ до 12 ленти

Работиме на наоѓање пари за изградба на брза пруга по целиот коридор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работиме на наоѓање пари за изградба на брза пруга по целиот коридор 10 кој оди од Атина до Виена и за брзо време ќе споделиме добри информации за овој проект. Тоа би било решение за брза пруга до 200 км за час за патнички и 120 на час за карго сообраќај. Со ова ќе ги отвориме јужните пристаништа кон Централна Европа, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска се обрати на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори во Скопје.

Тој нагласи дека политиките во авиосообраќајот донеле нови 9 дестинации, а најави и промени за побрз транспорт на граничните премини.

„Веќе постигнавме договор со Грција за сериозно зголемување на граничниот премин Богородица до 12 ленти. Со Србија имаме интензивна комуникација да создадеме целосна функционалност со One Stop Shop. Очекувам до април со Косово да имаме One Stop Shop, а во однос на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, интензивно работиме на нивно проширување и модернизацијa“, истакна вицепремиерот Николоски.

Реклама

Тој додаде дека Владата започнала амбициозна агенда за инфраструктурен развој со цел да ја искористи стратешката позиција како крстосница на Балканот и да донесе економски бенефит за државата и за регионот.

На Собранието, Николоски ја презентираше владината програма за развој на инфраструктурата во делот на патната и железничката мрежа. Истакна дека Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата паневропски коридорa 8 и 10, како и на кракот 10 д.

„Само во јануари ставивме во функција 42 км експресни патишта, a очекувам во перидот што следи да ставиме во функција уште најмалку 10 км експресни патишта и 40 км автопат. Oчекувам оваа година да отвориме фронт за работа за уште 67 километри автопат. Во февруари да започнеме со изградба и на автопатот Тетово-Гостивар, така што ќе се работи на целиот западен дел од Коридорот 8. Во делот на Коридор 10 д, ставивме во функција еден дел од експресниот пат Прилеп-Градско, во следните два месеца очекуваме и вториот дел да го ставиме во функција. Минатата есен започнавме со изградба на автопатот Прилеп-Битола, а оваа година очекувам да најдеме решение и за обиколница за Битола“, рече Николоски.

Тој додаде дека се работи и на проектирање за експресен пат Куманово до Страцин, а во делот на кородорот 10 се работи на проектирање нова патна врска од Гевгелија преку Струмица до границата со Бугарија.