Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Николоски: Работиме со општина Кисела Вода и Град Скопје да го решиме свлечиштето кај Тефериџ

Министерството за транспорт ја презеде обврската да го реши проблемот со свлечиштето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за транспорт ја презеде обврската да го реши проблемот со свлечиштето на патот за Тефериџ во Кисела Вода бидејќи проблемот е комплициран и бара поголема експертиза, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на една од националните телевизии.

Николоски нагласи дека тендерот за изведувач се уште трае, по изборот на изведувач ќе започнат да работиме и очекува за година дена да го санираат лизгањето на земјиштето. 

На состанокот во Будимпешта ќе се разговара за приоритетите во транспортниот сектор како клучен фактор во економската интеграција на ЕУ и конкурентноста. Покрај министрите за транспорт од Уни

-Таму има едно движење на земјиштето кое што е доста комплицирано, многу слично на она со кое што се соочивме на автопатот Кичево и имајќи предвид дека се работи за проблематика којашто е доста сложена, за проблематика каде што е потребна голема стручност, сметавме дека е добро тоа да го преземе Министерството за транспорт, со експертите кои што ги имаме и на тој начин да се санира проблемот. Иако, ако гледате буџетски, тоа не е некој голем проект, повеќе е инжинерски и технички и затоа решивме да го преземеме, затоа што секако експерти коишто се занимаваат со оваа работа има и во Министерството, ги има во Јавното претпријатие за државни патишта и ги консултираме за оваа работа. Во моментов има тендер за избор на изведувач. Ако не се лажам, тоа е 20-ти август. После тоа ние заедно со изведувачот ќе работиме и сум убеден дека проблемот ќе се реши. Многу е важно теренот да е сув, оставаме година дена, но треба да видиме и зимата каква ќе биде, но се претпоставува дека за година дена треба да се заврши  како што треба – истакна Николоски.