Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Николоски: Продолжува поддршката за Општина Струга, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти

Повеќе од 5,6 милиони евра за капитални инвестиции во булевари, улици и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 5,6 милиони евра за капитални инвестиции во булевари, улици и комунална мрежа доби Општина Струга од Министерството за транспорт за неполни две години – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по увидот во градежните работи на улицата Источноколекторска и булаверот Туристичка.

Тој нагласи дека поддршката за Општина Струга ќе продолжи и оти на денешниот работен состанок со градоначалникот Менди Ќура ги утврдиле приоритетите за следниот период.

– Преку Министерството за транспорт се градат булаверот Туристичка, вреден 175 милиони денари, и улицата Источноколекторска, која се спојува со „Туристичка“. Во соработка со Светската банка имаме проект кај Езерски Лозја, кој се финализира и за кој денеска добивме уверување од изведувачот дека до крајот на следната недела работите ќе бидат завршени во целост и ќе може да биде пуштен во употреба – истакна Николоски.

Реклама

Со поддршка на Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, додаде, се работат и неколку канализациски системи.

– Се работи канализацискиот систем во Враништа, мрежа од речиси седум километри, но ќе видиме дали ќе можеме да додадеме уште еден километар мрежа. Зборувавме и за нов проект, улицата Колекторска да продолжи до магистралниот пат од Струга до Охрид и кај Мислешево да се направи уште еден кружен со цел да се регулира сообраќајот и да се намалат жртвите. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Општината и заеднички да работиме на големи инфраструктурни проекти – потенцира Николоски.

Градоначалникот Ќура се заблагодари за поддршката што Општина Струга ја добива од централната власт нагласувајќи дека од вицепремиерот и министер за транспорт Николоски побарале средства за за реализација за дополнителни проекти.

– Овде не е направено ништо со години. Ние за три месеци достигнавме до оваа фаза за изградба на улицата Источноколекторска, а ќе продолжиме и на другиот дел за да се поврзе улицата со главниот пат, со што ќе се намали и сообраќајниот хаос – изјави Ќура. 

Прашан за неисплатените средства на превозниците, кои најавија дека нема да вршат превоз кон струшките села, Ќура повтори дека заостанатите долгови ќе бидат исплатени до крајот на годината.

– Старите долгови ќе се исплатат до 31 декември годинава. Како градоначалник предложив да се покачи и цената. Нормално, се чека да помине на Совет тоа покачување на цената. Можам да ги уверавам сите возачи, сите транспортери, дека сите долгови и назад за две-три години што останале од другата власт ќе се исплатат – рече Ќура.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: