Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Николоски: Остануваме посветени на она што го ветивме, очекуваме убедлива победа во првиот круг во општина Кавадарци

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска беше во посета на општина Кавадарци,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска беше во посета на општина Кавадарци, на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.

-Почнуваме една серија на посети во рамки на партиската структура, со месните комитети, општинските комитети, униите, Унијата на жени, Унијата на млади сили, Унијата на ветерани. Да продискутираме за внатрепартиските состојби, за она што следува во периодот којшто е пред нас пред се локалните избори.

Очекувам убедлива победа, уште во првиот круг на актуелниот градоначалник Митко Јанчев, којшто навистина целосно го трансформираше градот и општината Кавадарци и можам слободно да кажам дека општина Кавадарци е водечка општина во Македонија. И она на што најмногу посочувам секогаш кога сум тука, убедливо најчиста и најуредена општина во Македонија , што е еден апсолутен факт и пример од којшто треба да учат сите други.

Реклама

Во изминатиов период беа реализирани бројни проекти. Во следниов период зборуваме за многу покрупни бројки коишто доаѓаат. Тука е и обиколницата на градот Кавадарци, тука е спојувањето со автопатот, коешто со децении беше најавувано како и други инфраструктурни проекти. Тука е развојот на брзата пруга односно на железницата каде што еве да најавам дека ќе има една отсечка која што ќе води до центарот на градот Кавадарци, вели Николоски.

Појаснува дека ќе може од Кавадарци да се патува со брз воз од 160 до 200 километри на час патнички сообраќај и 120 километри на час карго сообраќај.

-Остануваме посветени на она што го ветивме и на она што беа наши изборни цели изборни ветувања, и се надевам дека ќе доаѓаат и други убави вести во периодот којшто е пред нас, вели Николоски.