Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Николоски: Очекувам над 85% реализација на капиталните расходи годинава, ни претстои силен економски раст

Реализацијата на капиталните расходи оваа година ги проектираме на над 85 %…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реализацијата на капиталните расходи оваа година ги проектираме на над 85 % за што сметаме дека ќе ја засили економијата и ќе влијaеме врз растот на брутодомашниот производ. Градежништвото ќе земе замав пред се заради проектите што ги реализира државата во делот на патната и железничката инфраструктура, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за БлумбергАдриа.

Тој потенцираше дека главен фокус на Владата оваа година ќе биде најголем економски раст во регионот преку реализација на планираните инфраструктурни проекти.

„Очекувам оваа година да отвориме фронт за работа за 67 километри автопат, што за држава како Македонија е прилично солидна бројка во една година. Исто така очекувам оваа година Македонија да биде прва во регионот во делот на економскиот раст, тука пред се градежништвото ќе зема значаен дел и не мислам само на градежната оператива која што е од приватниот сектор, туку се она што го стимулира државата пред се во делот на изградба на автопатиштата, магистралните патишта, понатаму реконструкција на железницата, така што навистина ќе има големи проекти оваа година” -истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски

Реклама

Тој најави ревизија на сите потрошени средства за капитални расходи на средината на годината за сите буџетски корисници, со тоа што ќе се примени систем за награди за сите кои успешно ги реализирале планираните средства.

„Главна наша заложба е успешна реализација на капиталните расходи, но исто така ќе направиме пресек во месец јуни и да видиме како оди реализацијата. Ќе одиме на принцип на наградување, односно ресорите кои добро ќе ги реализираат капиталните расходи ќе имаат можност да добијат и дополнителни средства на сметка на оние кои нема да ги реализираат, бидејќи клучно е да имаме добра реализација на капиталните расходи во споредба со оние од 69,6 % од минататa година”-додаде вицепремиерот Николоски.