Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Бизнис

Николоски: Наскоро директен лет Скопје-Париз, пуштање на патот Градско-Дреново и првиот дел од пругата кон Бугарија

Засилено темпо на реализирање на инфраструктурни проекти на старт на годината. Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засилено темпо на реализирање на инфраструктурни проекти на старт на годината. Министерството за транспорт уште во првите денови од 2025 – та со амбиционза агенда. По пуштањето во употреба на експресниот пат Страцин – Крива Паланка, следно се најавува дека ќе се пушти во употреба и првата фаза од пругата кон Бугарија која е во финишот на изградба. Станува збор за релацијата од Куманово кон Бељаковце во должина од 30 км. Втората фаза ќе биде готова до 2027-ма, а целосното поврзување со источниот сосед ќе се заокружи кога ќе се надминат  техничките проблеми.  Она што е досега познато за третата фаза е дека министерството за транспорт откри дека моменталниот проект предвидува тунел без крај. Па  Бугарија го прифати предлогот на македонската Влада и го одобри нацрт договорот со Македонија за заедничка изградба на прекуграниучниот тунел, а треба да  се формира и Мешовит комитет.

“Пругата е веќе при крај и во многу брз период таа пруга ќе биде пуштена, со што ќе имаме целосно функционална пруга од Скопје преку Куманово до Бељаковце. Успеавме да ги придвижиме работите заедно со директорот на ЈП Железници – инфраструктура и работите на вториот дел од делницата, а тоа е од Бељаковце до Крива Паланка, или за делница во должина од 34км, која очекувам некаде до 2027 година да е готова, и ќе остане потоа третиот дел кој ќе треба да значи поврзување со Бугарија, кога ќе успееме технички да ги затвориме тие работи”, истакна министерот Николоски.

Засилено се работи и на градежните активности на коридор 10 д. До крај на месецов се очекува да биде пуштена во употреба првата фаза од експресниот пат Прилеп – Градско, односно потегот Градско до Дреново. На коридор 10 се работи и на модернизација на границите, ќе се воведе приципот „ new single window” , што значи дека товарните возила ќе застануваат само еднаш за проверка на документи. Ќе се реконструираат и граничините премини Дојран и Меџитлија

Реклама

Во однос на патничкиот превоз, веќе со Србија имаме “one stop shop” каде што на едно место се врши проверка на документи. Претходно беше нејавен но не функционираше, истото го договоривме и со Косово бидејќи и Косово е дел од коридор 10, а со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу крaтко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија со цел тие три гранични премини да се функционални. И друга работа значајна за коридор 10 д, е тоа што работиме на експресниот пат Градско Прилеп кој веќе е при крај, почнавме да градиме автопат Прилеп – Битола што значи дека и тој дел на јужно поврзување ќе се отвори”- истакна вицепремиерот Николоски.

Во активностите на министерството за транспорт висок приоритет е и авиоособраќајот. Најново е дека од Скопје ќе се лета за Париз. Компанијата Изиџет веќе ги поднела документите во министерството за летот до аеродромот „Орли“ кој е најбилску до центарот на Париз. Николоски најави дека конечно и ќе се воведе директна линија Скопје – Амстердам, а се очекува да бидат потврдени уште 3-4 дестинации од двата македонски аеродроми.