479 фирми во градежништво ќе останат без лиценца. Државата со засилено темпо ги проверува издадените дозволи во сите сектори.
Во делот на градежното работење и урабинистичко планирање направени се над 3.100 контроли, а најмногу неправилности се констатирани кај проектантите и изведувачите на градбите од Б категорија каде спаѓаат станбени згради, помали јавни објекти, односно се што не е врвен државен објект.
Контролите и прекршувањата кои се констатирани при вонредната инспекција во најголем дел се кај вработените. Се забележува шема кај дел од компаниите – додека да ја добијат лиценцата ги исплонувале сите услови за бројот на архитекти, инженери, проектанти, но потоа дел од нив биле одјавувани односно си заминувале од фирмите. Има и случаи каде ист човек е пријавуван како ангажиран во различни компании.

Тонско Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт
Целта не е да казнуваме туку компаниите кои добвоволно се согласиле на условите што ги предвидува законот, доборволно да ги исполнуваат затоа што феноменот е дека во моментот на поднесување на барањето ги усполнуваат, а потоа престануваат да исполуваaт тие услови. За да не настане забуна, контролите се прават на лиценците во делот на потребниот број на вработени, а во дел на квалитет на изведување и во дел на квалитет на навремено извршување постојат соодветни надзори кои ги контролираат градбите”- истакна вицепремиерот Николоски.
Министерството за транспорт ги објави имињата на сите 479 компании, а овој список ќе биде доставен и до Министерството за внатрешни работи, до Јавното обвинителство, до ЗЕЛС и останати засегнати институции за понатака да проверат колку и какви градби имаат изградено овие градежници. Николоски вели дека не треба да има паника околу квалитетот на веќе изградените објекти затоа што во времето на градење имало соодветна контрола на тоа што се работи.
Тонско Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт
„За да не настане забуна, контролите на лиценците се во делот на потребниот број вработени, а во делот на квалитетот на изведување и квалитетот на навремено извршување постојат соодветни надзори кои ги контролираат градбите“, потенцира Николоски.
Претходно беше најавено дека за да се елиминираат изигрувањата на системот кои се случувале во минатото ќе има законски измени со кои ќе се прават контроли на секои шест месеци, но и одземање на лиценцата веднаш штом ќе биде донесена одлуката, а да не се чека да заврши процесот на жалба до надлежен суд, односно фирмата ќе има право да се жали, но сепак нема да може да работи во тој период.
