Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Николоски: На постојните 9 авио дестинации, работиме да воведеме уште најмалку две до три нови линии

Работиме проект за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром, а исто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работиме проект за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром, а исто така работиме на воведување на најмалку уште две до три авиолинии, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој додаде дека очекува оваа политика на финансиска подршка да го зголеми квалитетот и бројот на патници на домашните аеродроми.

„Многу сум горд на оваа работа бидејќи направивме целосна промена на политиките на поддршка на субвенционирање. Претходно за жал двата аеродроми тонеа неколку години, а пред тие години беа шампиони во регионот. Од ситуација на шампиони дојдовме до ситуација да тонат, но мислам дека се повторно ќе го вратат стариот сјај. Имаме 9 нови авиолинии за само пет месеци од кога ја почнавме оваа процедура. Работиме проект кој што многу брзо очекувам да излезе во јавноста за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром како и таму би се подобриле условите за работа. Работиме на најмалку уште две до три авиолинии кои што очекувам да излеземе со околу 12 и да го заокружиме овој период што ќе е дополнителен квалитет и патници во Македонија. Дел од тие линии се атрактивни и за дијаспората. На пример линијата Истанбул Охрид е многу атрактивна за дијаспората и за Австралија и за северноамериканскиот континент бидејќи веќе се продаваат авионски карти Торонто-Охрид или Њујорк -Охрид или Вашингтон -Охрид или Сиднеј -Охрид. Исто така и линијата за Женева беше нешто што долго време ја бараше македонската дијаспора, така што мислам дека ќе имаме позитвни ефекти”- изјави вицепремиерот Николоски во интервјуто за БлумбергАдриа.