Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Николоски: МЖ Транспорт ќе набавува најмалку пет нови локомотиви, првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

МЖ Транспорт потпиша договор со ЕВОР за најмалку пет нови товарни локомотиви,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МЖ Транспорт потпиша договор со ЕВОР за најмалку пет нови товарни локомотиви, а работиме и со Светска банка за набавка на нови возови. На ова го додаваме и проектот за Градски воз, првата линија ќе започне да функционира на 1 септември и набавката на нови електрични автобуси, изјави вицепремиерот Николоски.

Во поткасот за Курис, како што информира Министерството за транспорт, Николоски нагласи дека ова е „еден од најзначајните проекти кои го работиме иако не е голем по обем“.

-Прво, многу ќе помогне во намалување на загадувањето во Скопје, второ, ќе го смени системот на живот во приградските населби и, трето, ќе воведе една култура на помалку користење возила и повеќе користење воз. И најважното – ова се проекти кои ги имаат најголемите европски градови. Ние паметно ја користиме постојната инфраструктура што ја имаме, само ја надградуваме. Веќе сме во напредна фаза на линијата која оди од Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром до нова железничка Скопје. Би требало до крај на  јуни да биде завршена за од 1 септември да функционира оваа линија, соопшти Николоски. 

Реклама

Паралелно со ова, додава вицепремиерот,  се работи на проектирање со Градежниот факултет и во втората половина од оваа година да се објави тендер и за останатите две линии – од Нова железничка станица преку Бутел – Скопје Север до Ѓорче Петров и втората од Нова железничка преку Автокоманда – Маџари и завршува во Илинден.

-Очекувам тие да бидат завршени на крајот на 2027, почетокот на 2028 година. Ако на ова додадеме дека оваа есен Скопје ќе добие 100 електрични автобуси, тоа ќе значи многу во намалување на загадувањето во градот, изјави Николоски.