Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Николоски: избран е конзорциум на чело со Гранит кој ќе започне да го гради автопатот Скопје-Блаце

Пет тунели, две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40-тина објекти – автопатот Скопје-Блаце за три и пол години од сега ќе биде реалност. Избран е конзорциум кој го предводи домашната компанија Гранит за изградба на овој голем инженерски потфат.  Ова е сигнал за целиот градежен сектор во Македонија и за целата држава дека можеме […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет тунели, две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40-тина објекти – автопатот Скопје-Блаце за три и пол години од сега ќе биде реалност. Избран е конзорциум кој го предводи домашната компанија Гранит за изградба на овој голем инженерски потфат.  Ова е сигнал за целиот градежен сектор во Македонија и за целата држава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Градежни активности почнуваат уште ова лето.

Проектот Скопје-Блаце е исклучително комплексен проект. На него имаме пет тунели, имаме две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40 -тина објекти заедно со помалите објекти. Тоа е еден голем инженерски потфат, голем градителски потфат. Но, ќе докажеме дека како држава можеме да работиме големи проекти. Изведувачот да го заврши овој проект во рок од 3,5 години и за најдоцна 3,5 години да имаме автопатско поврзување од Скопје до Блаце, односно од Македонија до Косово и до Црна Гораистакна Вицепремиерот и Министер за транспорт Александар Николоски

Почетокот на изградбата на автопатот Скопје- Блаце Вицепремиерот ја објави по  средбата со директорот на Европската банка за обнова и развој Фатих Туркменоглу.

Реклама

Овој Коридор е исклучително значен зашто Македонија ја поврзува со Косово и со Црна Гора, на дневна основа многу патници поминуваат по него, а со поврзувањето и со Косово и со Црна Гора се отвора уште едно пристаниште за македонскиот бизнис, за македонското стопанство, тоа е пристаништето во Бар.  Драго ми е што во соработка со Европската банка за обнова и развој успеавме да го завршиме овој процес, да избереме Изведувач кој што сега треба да почне да работи на терен. Би сакал да се заблагодарам за поддршката на Европската банка за обнова и развој и искрено би сакал да се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски без кој што вакви големи големи инфраструктурни проекти не може да се работат-истакна Вицепремиерот и Министер за транспорт Александар Николоски

Интензивно се работи и на автопатот Кичево Охрид. Најавите се дека оваа автопатска делница ќе да биде готова  најдоцна до првиот квартал 2027-ма. Досега  се  пуштени во сообраќај 34 од вкупно 57 километри автопат. Во  напредна фаза е и изградбата на автопатската делница Гостивар – Букојчани. Двете делници кои ги гради Бехтел и Енка од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани треба да бидат готови до 2029-та година. Додека првите километри од новиот автопат Прилеп-Битола кој се гради со забрзано темпо ќе бидат пуштени следната пролет.