Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Николоски: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста

Инвестициите во инфраструктурата клучни за енергетска стабилност и безбедност за време на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестициите во инфраструктурата клучни за енергетска стабилност и безбедност за време на криза. Вицепремиерот Николоски го потенцираше напорот за изградба на најважните патни и железнички коридори во земјава. Тој во Вашингтон учествуваше на глобален форум посветен на предизвиците во транспортот. Тој ја истакна важноста на геостратешката позиција на Македонија на Балканот и во Европа како точка кадешто се вкрстуваат двата пан-европски коридори. Николоски рече дека еден од проектите кои се приоритет за владата е брзата пруга која ќе чини две милијарди евра.

„Подготовките започнаа, а првите ископувања ќе ги видиме септември- октомври годинава, а целиот проект треба да го завршиме за 5 години, што значи дека целата територија на мојата земја ќе има брза железница не подоцна од 2031- 2032 година. Секако, конекцијата до Скопје ќе оди многу побрзо бидејќи е блиску до граница. Тоа е мошне амбициозна програма. Се работи за двојни пруги, како што е меѓу Белград и Будимпешта. Се обидуваме да го продолжиме она што веќе е започнато и тоа е одлично“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт и врски.

Николоски потенцираше дека активно се гради и на патничките Коридори 8 и 10. Целта е да се развијат индустриски зони, долж овие коридори. На тој начин производите на компаниите ќе можат полесно да се транспортираат и преку железница и со камиони до пристаништата во Солун и Драч. Ова, според Николоски треба и тоа како да придонесе за зголемување на интересот за вложување во Македонија, а освен тоа јавните претпријатија ќе имаат и зголемени приходи од транзит на луѓе и стоки.

Реклама

„Што се однесува до мобилизирањето приватен капитал, планираме по должината на двата коридори да основаме слободни трговски зони кадешто ќе можат да доаѓаат инвеститори, да отворат компании, фабрики и да работиме заедно и да имаме мулти-модуларен центар каде ќе се сечат двата коридори, а на тоа работиме со вас и други партнери“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт и врски.

Николоски денеска учествуваше и на министерски состанок во Вашингтон организиран од Светска банка. На него, тој ги потенцираше инвестициите во инфраструктурата, како и модернизацијата на граничните премини со Бугарија и Албанија.

Вицепремиерот Николоски за време на посетата на САД, оствари повеќе средби во Стејт департментот во Вашингтон. Тој  разговарал за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД. Во фокусот биле политичките и економските врски, како и можностите за поголема трговска и економска соработка меѓу двете земји со посебен акцент на коридорите 8 и 10 и енергетската транзиција.