Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Николоски: Градскиот воз стана нов, побрз и поекономичен јавен превоз за Скопје, ги поттикнуваме граѓаните да го користат возот за побрзо да стигнат до центарот на градот

Изминатава година интензивно работевеме на воведување на Градскиот воз кој треба приградските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изминатава година интензивно работевеме на воведување на Градскиот воз кој треба приградските населби и општини кои гравитираат околу главниот град, да ги спои со Скопје на еден еколошки и брз начин. Тоа сериозно ќе придонесе за намалување на загадувањето, сериозно ќе придонесе учениците, студентите и сите оние кои што работат во Градот Скопје и во општините навреме да стигнуваат, вели во гостување на една од националните телевизии, претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.   

-Вчера можеа сите да видат дека од Зелениково до Скопје се патува некаде за 24 минути. Што ако споредите дека со кола се патува некаде около 70 минути, многу е јасно која е разликата. Тоа сериозно ќе придонесе и за намалување на загадувањето, сериозно ќе придонесе луѓето навреме да стигнуваат и учениците, и студентите и оние коишто работат во градот Скопје и во општините. И се надевам дека масовно ќе биде користен, дека сè помалку ќе се користат возила на оваа линија каде што поминува сега градскиот воз, а сè повеќе ќе се користи возот. Возот поминува низ станиците Зелениково, Ново Зелениково, Орешани, Јане Сандански, понатаму Лисиче, Драчево, веќе работиме на станица кај Кисела Вода – 11 Октомври – бараки и завршува на Новата железничка станица – истакна Николоски. 

Тој додаде дека се работи на проектирање на уште две нови линии едната од Ѓорче Петров до Центар и втората од Илинден до Центар, со што ќе се заокружи концептот на три линии на градскиот воз како нов јавен превоз за Скопје.