Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Економија

Николоски: Гевгелија ќе биде централно место за бизнис и туризам во целиот регион

Реализиравме бројни проекти, во првиот и во вториот повик, како и проекти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реализиравме бројни проекти, во првиот и во вториот повик, како и проекти кои што се финансирани од страна на Министерството за транспорт, каков што е овој Западен булевар, на кој што се наоѓаме во моментов. А исто така сакам да најавам и нови проекти коишто ги планираме за следниов период. Завршена е постапката за избор на изведувач, за реконструкција на улици во населените места Моин, Прдејци и Богородица и наредниве денови почнуваат со работа што ќе е вондредно значајно за овие три населени места, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој денеска беше во посета на Гевгелија.

Тој изрази надеж дека кандидатот за градоначалник на Гевгелија ќе победи уште во првиот круг и оти проектите што ги започнале ќе ги продолжат да ги реализираат во наредните години.

-Во тек е изработка и на проектна програма за изработка на комплетна проектна документација, за проширување со подобрување на геометриските елементи на патот од Гевгелија до Ново Коњско во должина од 5 километри, што мислам дека е многу значајно, и во текот на следната година целиот ќе биде завршен. Понатаму, преку Управата за водостопанство и Министерството за земјоделие, а во дел на изградбата на новата брана Коњско, каде што и Министерството за транспорт активно учествуваше, ќе работиме на пат кој што оди од брана Коњско до Ново Коњско и исто така до  крајот на 2026 година треба да е завршен. А веќе во 2027 година, очекувам и браната да е наполнета односно да функционира и самата брана која што ќе е многу значајна за целиот овој регион. И секако третиот дел, од брана Коњско до Смрдлива Вода, којшто очекуваме да се заврши некаде до 2027 година во должина од 5 километри.

Реклама

Кога сето ова ќе се стави во контекст на развојот кој што го правиме во рамки на општината, продолжи Николоски, како и најголемиот проект на кој што и активно работиме и активностите одат одлично, а тоа е брзата пруга каде што Гевгелија ќе има централно место, односно после скопската гевгелиската ќе е најголема железничка станица.

-Тоа ќе значи дека до Солун ќе се патува некаде за 30тина минути, а некаде до Скопје, час, час и 15 минути. Мислам дека Гевгелија ќе добие комплетно централно место не само во државата туку во целиот регион и за бизнис и за туризам и сето она што ќе го прави животот на граѓаните подобар, нагласи Николоски.