Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Николоски е реизбран за потпретседател на групата на Европската народна партија во Советот на Европа

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски е реизбран за потпретседател на групата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски е реизбран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија, во Советот на Европа во Стразбур. Оваа позиција, Николоски ја извршуваше и изминатите две години, а денеска ја доби поддршката од членовите на Европската Народна Партија и за следните две. Со ова паѓаат во вода тезите на СДСМ И ДУИ дека само тие имаат поддршка од меѓународната заедница. Напротив во изминатиов период странски дипломати постојано  ја критикуваат власта во Македонија поради криминалот и корупцијата, а последниот извештај од ЕК беше еден од најлошите во последниве години.

Николоски вели дека неговиот реизбор е една потврда и поддршка и за Македонија како и за неговата  политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ која што е член на Евопската Народна Партија.

„Во следните две години ќе продолжам да се залагам за заштита на човековите права, на малцинските и на јазичните права на сите оние на кои што им се загрозени, особено на Македонците кои што живеат во Бугарија, во Грција и во Албанија кои што немаат признати малцински јазични права“, изјави Николоски по редовната зимска сесија на парламентарното собрание на Советот на Европа.

Реклама

Покрај Николски, избрани се уште пет други политичари на оваа позиција како потпретседатели на Европската Народна Партија во Советот на Европа. Тоа се проминентни политичари кои што доаѓаат од држави како Германија, Италија, Норвешка и Полска. Според Николоски ова е еден престижен избор кој покажува што треба да прави во следниот период и на каде треба да се движи политиката на ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија.