Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Николоски: Две нови линии од Охрид до полските градови Вроцлав и Катовице, растот на македонските аеродроми од 21% е најголем во регионот

Со отворање на две нови директни авиолинии до охридскиот аеродром, македонскиот воздушен сообраќај влегува во нова фаза на експанзија. Утрово на “Свети Апостол Павле”  слета првиот лет од Вроцлав, Полска –  нова дестинација која досега никогаш не била поврзана со Македонија. Веќе на 9 јуни се очекува и првиот лет од Катовице, исто така од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со отворање на две нови директни авиолинии до охридскиот аеродром, македонскиот воздушен сообраќај влегува во нова фаза на експанзија. Утрово на “Свети Апостол Павле”  слета првиот лет од Вроцлав, Полска –  нова дестинација која досега никогаш не била поврзана со Македонија. Веќе на 9 јуни се очекува и првиот лет од Катовице, исто така од Полска, со што се заокружува новата линија на директни поврзувања со Централна Европа. Со овие две нови рути, се отвора простор за значително зголемување на бројот на патници,и бизнис-поврзувања. Ова воедно ќе го поттикне и локалниот туризам и економскиот развој. Од идната недела се активираат и нови линии Белград – Охрид и Истанбул – Охрид, дополнително зајакнувајќи ја регионалната и меѓународната поврзаност.

“Бројките се одлични, бројките се на раб на нешто е неочекувано, ако во минатото се радувавме ако има еден лет плус,овие 2 години значајно се сменија работите. Jас минатата година реков дека е добро да се бориме во следните 2-3 години да стигнеме до 3,5 милиони патници но со ова темпо ние оваа година ќе стигнеме до 3 милиони и 500 илјади патници. Потоа ќе си поставиме нова цел, а тоа е за неколку години да достигнеме 4 милиони патници, што мислам дека е врв за нашите два аеродроми. Имајќи предвид дека државата е од 1 милион и 800 илјади жители, а бројот на патници веќе далеку го надминува бројот на жители”- рече вицепремиерот Николски

Податоците покажуваат силен раст – во периодот јануари–мај годинава, патничкиот сообраќај е зголемен за 31,2 проценти во однос на истиот период лани.

Реклама

Паралелно со авиосообраќајот, се интензивира и инфраструктурната офанзива. Охридскиот аеродром е во фаза на обемна реконструкција и проширување, со околу 65% завршеност на проектот. Станува збор за инвестиција вредна 2,7 милиони евра.

“Правиме одлични работи. Некаде за два месеци од денес ќе имаме аеродром кој ќе изгледа како вчера да е изграден.Целосно ново решение,проширување на терминалната зграда, проширување на делот за слетување, одвојување на делот за полетување значи за патници на доаѓање и  заминување, што дополнително ќе значи голем економски стимул”- рече вицепремиерот Николски

Според податоците, до крајот на јуни Охридскиот аеродром ќе биде поврзан со 8 авиокомпании и 17 дестинации, што дополнително ја зацврстува неговата позиција како еден од најбрзорастечките аеродроми во регионот.

“Сите овие случувања придонесоа аеродромите во Охрид и Скопје да бидат препознаени како најбрзорастечите аеродроми во европа,принзнание што го добивме пред неколку дена од меѓународниот совет на аеродроми .Македонија во моментов е еден од најбрзорастечките воздухопловни пазари кои што се надвор од ЕУ меѓутоа во рамките на европското географско подрачје.Додека многу европски  пазари се соочиуваат со стагнација или пониски стапки на раст ние постигнуваме раст во двоцифрени бројки и сме рангирани межу водечките возхуполовни пазари во регионот”-рече Неџат Курт –директор на ТАВ Македонија

Во меѓувреме, инфраструктурното поврзување на регионот се засилува – патните правци кон аеродромот се речиси завршени, а нови делници наскоро ќе бидат пуштени во употреба, што дополнително ќе ја подобри достапноста на oхридскиот регион. На охридскиот аеродром денес беа пречекани и околу 200 полски туристи, со традиционалниот охридски специјалитет ѓомлезе .

 Македонија, и покрај тоа што е мала земја по број на жители, се позиционира како сè поважен воздушен центар во Европа – со раст што, според експертите, ја надминува регионалната и европската просечна динамика.