Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Николоски: Дијаспората доби директна линија Женева – Скопје

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа во обраќањето на партиски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа во обраќањето на партиски настан во Ново Село изјави дека на барање на дијаспората е отворена директна линија Женева-Скопје.

Николоски синоќа присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата.

-Прекрасна енергија во Ново Село! Вечерва на покана на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ново Село имавме прекрасен настан, полн со позитивна енергија и патриотизам. Се сретнавме со нашинците од дијаспората и сите оние симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ со кои изминатите години заедно работевме на подобрување на животот во Македонија. Токму на барање на дијаспората отворивме директна линија Женева Скопје. Лет кој многу го користи дијаспората и со кој почесто и полесно се враќаат во Македонија – објави Николоски на Фејсбук.

Реклама

Тој додаде дека работат на проект за изградба на експресен пат Радовиш – Струмица – Ново Село.

-Уште еден значаен инфраструктурен проект кој ќе го подобри животот на жителите од овој регион. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, обединета и силна! – додаде Николоски.