Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Ниеден пациент на Клиниката за онкологија не е без терапија, само еден лек за ретки болести доцни поради увозникот, тврди министерот Алиу

Ниеден пациент на Клиниката за онкологија не е без терапија. Пациентите се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниеден пациент на Клиниката за онкологија не е без терапија. Пациентите се третираат со заменска терапија зад чија комбинација стојат доктори, експерти во областа – истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу отфрлајќи ги информациите за недостиг и на терапија за пациентите со ретки болести. 

Во одговор на новинарски прашања на прес-конференција во Министерството за здравство посочи дека во разговор во претставници на Клиниката за онкологија информациите дека нема терапија за пациентите се поврзува со пристапот кон пациентите и со терапиите и со законот.

– На почетокот јас реков дека мора да се смени нешто во законот за да може и предвремено, пред тие три месеци, да се отвори постапка со цел, ако нешто се случува административно или ако не се појави никој, да имаме време уште три месеци, граѓаните да не останат без терапија. Во нашиот разговор со Клиниката ни рекоа дека ниеден пациент не е без терапија бидејќи има заменска терапија со која се третираат и која тие како доктори, како експерти од областа, стојат зад таа комбинација на терапија. Ценам дека за кратко време ќе биде постапката и почната и завршена – изјави Алиу.

Реклама

Тој ги отфрли, како што рече, шпекулациите за недостиг од терапија за пациентите со ретки болести посочувајќи оти се работело за еден лек, кој доцнел поради компанијата што го увезува.

– Велам не е точно и се шпекулација. За жал, понекогаш потикнати од приватниот сектор и мора да бидеме транспарентни и да ги наведеме и овие работи. Може да има ден-два во моментот додека увозниците ги увезуваат, но никако нема недостиг на лекови. Јас се заинтересирав и добив информација од институциите. Ми рекоа дека се работи само за еден лек што доцни не поради нас како институција, туку поради компанијата што го увезува – појасни Алиу.

Тој посочи дека Министерството креира пристап за отварање тригодишна постапка за набавката на лекови бидејќи терапијата кај пациентите со ретки болести зависи од повеќе индикатори, меѓу кои возраста и тежината.

– Уште еднаш напоменувам дека првпат како држава, освен што нема недостиг на лекови за пациенти со ретки болести, првпат креираме пристап или отвараме тригодишна постапка затоа што овие пациенти со ретки болести и нивната терапија зависи од неколку индикатори. Тие пациенти ги третираме од мали, од моментот кога се дијагностицира дека е пациент со ретка болест – рече Алиу.

При растот на пациентот, појасни, треба да расте и дозата, што, според него, не е предвидливо и не може да се предвиди количината потребни лекови што треба да ја има.