Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Ни трските на Охридското езеро немаат раат: Некој намерно ги пали за да си расчисти простор за плажа

Криминалот на крајбрежјето на Охридското Езеро, не запира-само во последниве четири дена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминалот на крајбрежјето на Охридското Езеро, не запира-само во последниве четири дена во два наврати, сред бел ден во заштитено подрачје на струшкото крајбрежје беше запалена трска. Како резултат на ваквата деструктивна појава која се провлекува една деценија, во целост е нарушен еко-системот посебно на атрактивниот потег од Струга до Калишта кој е буквално целосно пеплосан, а крајбрежјето е изложено на сериозна ерозија-укажуваат екологистите.

„Ова што сега се случува е практично, можам слободно да кажам еден хаос бидејќи гледаме дека неконтролирано се палат трските, а потоа се узурпираат и се тампонираат. Она што навистина го сметам за проблем и како симптоматичен феномен е што секогаш се палат за време на викенд кога службите не се во функција, а искрено до сега не сум запознаен дека општинсктие служби за заштита на животна средина излегле на терен”-вели Коста Хиохи-граѓански активист

Пред дваесет години, со трасирањето на рекреативната патека од Струга до Калишта се направи поделба на земјоделскиот имот во приватна сопственост и имотот што ѝ припаѓа на државата. Со несовесното работење на општинската администрација, спротивно на сите законски одредби, дел од тоа земјоделско земјиште доби статус на градежно, така што сопствениците на парцелите од едната страна на патеката запоседнаа и непречено стопанисуваат,узурпирајќи имот на Македонија.

Реклама

„Пред 3 години имаше палање на трска, веќе на опожареното место никнати се два објекти. Секаде онаму каде што имало првично палење на трска после тоа задолжително никнуваат објекти кои што најчесто се нелегални” вели Никола Кукунеш-граѓански активист

Никој велат граѓанските активисти, нема ништо против урбанизирање на градот, но мора да има ред. Некој мора да понесе одговорност за овој екоцид. Ваквото дивеење и палењет на трските во заштитено подрачје е кривично дело. Македонија мора да воспостави целосен мониторинг врз крајбрежјето, сугерираат и природнаучниците.