Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

“Независните” од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за законот за ЈО на иста линија со Заев, Канческа – Милевска не била консултирана

Различни околности исти актери. Седум од осуммината независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, слично…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Различни околности исти актери. Седум од осуммината независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, слично како и кога се гласаа уставните измени се адутот на власта за изгласување и на Зааконот за јавно обвинителство. Освен Елизабета Канческа-Милевска. Вели дека не била консултирана за измените во Законот, но не кажа дека нема да гласа.

“Сметам дека реформските закони како што се носеа и досега со консензус во Собранието и во соработка со власта и опозицијата и останатите политички партии, треба и во иднина да се носат на истиот начин, вклучувајќи го и Законот за јавно обвинителство. Oдговорноста по однос на овие закони и реформи треба да биде заедничка. Партискиот интерес како приоритет треба еднаш засекогаш да се тргне на страна кога станува збор за суштински и сериозни реформи во правосудниот систем и да се почитува пред се мислењето на експертите и професорите од оваа област вклучително и мислењето на меѓународната заедница”,вели пратеничката.

Канческа – Милевска и натаму е обвинета во случајот на СЈО ”Тендери”.

Реклама

За дел од осумте пратеници, членови на нивните семејства или блиски луѓе, беа актуелни судски процеси и се шпекулираше дека со тоа биле приморани да дадат поддршка за уставните измени. Други пак беа поврзувани со блиски релации со дел од  претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, семејни вработувања, тендери.

Што се смени од тогаш до сега? Пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски беа амнестирани со Законот за амнестија за случувањата во собранието на 27 април. За фамилијата на Мукоски долг период се актуелни бројни тендери добиени во време на актуелната власт.

Синот на Владанка Авировиќ откако беше осуден во случајот “Труст” на апелација доби условна казна. Во истиот случај на Сеад Кочан претходно близок со пратеникот Зекир Рамчиловиќ му беше намаалена казнета од 6 на 4 и пол години.

За Емилија Александрова се пишуваше дека нејзината ќерка е вработена во Фондот за иновации. Пратеничката беше разочарана за тоа како известуваат медиумите.

Градимир Марковски