Реклама

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Македонија

„Независни заедно“: Возобновување на СРЦ Кале и ефикасни политики за управување со отпадот

Некогашниот бисер на градот, Спортско-рекреативниот центар Кале, е руиниран и пред распаѓање,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Некогашниот бисер на градот, Спортско-рекреативниот центар Кале, е руиниран и пред распаѓање, а просторот околу него е претворен во дива депонија која се наоѓа на околу 300 метри воздушна линија од Владата на Македонија и во срцето на Општина Центар. Од тука испраќаме порака дека СРЦ Кале треба да добие сосема друга улога од оваа што ја има денес,  изјавија кандидатите од Граѓанската платформа „Независни заедно“.

Билјана Ивановска, независен кандидат за градоначалник на општина Центар од „Независни заедно“ истакна дека во Центар ќе се промовира здравјето на граѓаните, а спортот, рече, е еден од условите да го одржуваме нашето здравје.

-Овој руиниран објект претставува нем сведок на лошо управување, и тоа со децении. Пред се, затоа што ЈП за стопанисување со спортски објекти имаше склучувано штетни договори. Во ревизорскиот извештај за ова јавно претпријатие дадена е препорака Владата  да ги преземе сите мерки и активности за зачувување на државниот имот. Ние како Општина Центар, на чија територија се наоѓа СРЦ Кале, ќе се заложиме тој да биде ставен во функција за забава на младите, заедно со уште други пропратни објекти коишто се предвидени во ДУП што треба да се донесе. Вложувањето во спортските објекти за масовен спорт е оправдано, законско и наменско, доколку е во функција на приоритетите на граѓаните, пред се, на младите за кои спортот не смее да биде луксуз. Затоа апелираме граѓаните на овие избори да дадат можност да поставиме вредности коишто ќе обезбедат достоинствен живот наспроти лошото и коруптивно управување што беше насочено кон профит и лични интереси, изјави Ивановска.

Реклама

Јана Белчева-Андреевска, носител на листа за советници на „Независни заедно“ за Град Скопје,  рече дека просторот што сега е дива депонија е потенцијал не само за општина Центар туку и за целиот главен град. 

-Капацитетот на овој простор е за 3000 луѓе да може да учествуваат во спортско-рекреативни активности. Вакви потенцијали кои некогаш биле изградени и кои имаат огромен капацитет мора да биде приоритет и на градот и во соработка со општината да може да се возобнови не само како објект туку како целосно решение за просторот кој ќе им служи на граѓаните. Овој простор најпрво треба да се исчисти зашто не прилега за достоинствено живеење во Центар. Со нашиот кандидат за градоначалник на Скопје ветуваме дека тесно ќе соработуваме со општинските власти  за овој простор и потенцијалот повторно го добијат својот сјај, рече Белчева-Андреевска.

Јане Димески, носител на советничката листа од „Независни заедно“ за Општина Центар, посочи дека оваа локација претворена во депонија покажува и дека не постојат издржани политики за управување со отпадот  во Центар и во градот Скопје. 

-Оваа дива депонија покажува на кој начин многу граѓани се справуваат со кабастиот отпад од нивните домови. Треба да имаме постојано локации за кабаст отпад во нашата општина и во градот Скопје, да не бидат тоа само инцидентни акции неколку пати во годината туку да биде постојана политика на општината. Пред се за ЈП Паркинзи на Општина Центар – наместо да депонира лисја од дрвја и гранки во Дрисла, со што само загадува и создава трошоци, треба да имаме посодржајна политика за зголемување на бројот на контејнери и садови за селектирање отпад, изјави Димевски.