Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Независен и човек со интегритет: Новиот главен обвинител треба да биде се’ спротивно од Љупчо Коцевски

Новиот републички јавен обвинител треба да биде искусен професионалец кој ќе знае…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот републички јавен обвинител треба да биде искусен професионалец кој ќе знае да се одбрани од политичките притисоци, бидејќи таа висока позиција мора да се заслужи и доселедно и одговорно да се работи. Според познавачите новиот шеф во ОЈО треба да биде се’ спротивно од Љупчо Коцевски. Поранешниот претседател на Антикорупциска Воислав Зафировски за Алфа вели дека заминувањето на досегашниот главен обвинител е само еден од потезите кои треба да почнат да ја враќаат довербата во правосудството.

-Се она што го работеше и се она што се постигна во изминатиот период, говори дека не беше дораснат за позицијата и одговорноста која ја носи таа позиција. На Македонија и треба јавен обвинител, републички, државен јавен обвинител кој е пред се професионалец, кој е човек со интегритет, кој е независен, изјави Зафировски.

Загрижувачки се бројките за довербата во правосудниот систем во државава. Според Зафировски во тој сегмент придонесе и сега веќе екс шефот на Јавното обвинителство. Вели неговиот наследник мора преку професионален однос да ја заслужи независноста која треба да ја има целото правосудство.

Реклама

-Сите тие критики кои упатуваат на тоа дека наводно има политички непринципиелен притисок врз заминувањето на Љупчо Коцевски од позицијата републички јавен обвинител се неосновани. Притисокот е од јавноста, знаете што значи два проценти доверба од јавноста, тоа значи дека републичкиот јавен обвинител и воопшто судската власт не ја заслужуваат независноста, изјави Зафировски.

Коцевски  пред неколку дена си поднесе оставка во ист ден кога беше закажана седницата во Собранието на која ќе се расправаше за неговото разрешување.

Спроред Законот за јавното обвинителство, вршителот на функцијата треба да биде определен од редот на јавните обвинители во ОЈО.Во игра се Златко Биковски, Анита Тополова Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова.

Матеја Петровски