Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Невозможните нешта“ тема на 14. издание на фестивалот „Џифони Македонија“

Под мотото „Невозможните нешта“, од денеска до 29 септември во Скопје ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Невозможните нешта“, од денеска до 29 септември во Скопје ќе се одржи 14. издание на Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“, кое годинава ќе понуди повеќе од 80 филмови, осум работилници и учество на над 400 млади и гости од неколку европски земји.

Организаторите информираат дека фестивалската тема ги отвора прашањата за границите на возможното во светот на младите генерации, поттикнувајќи размислување за предизвиците, дилемите и промените со кои се соочуваат денешните тинејџери.

– „Невозможните нешта“ не бараат од младите да го надминат невозможното. Напротив, ги покануваат да го препознаат – да се соочат со она што не може да се контролира, реши или целосно разбере и токму во таа средба да пронајдат нов вид свесност – наведуваат во соопшението.

Реклама

На годинашното издание се пријавени повеќе од 400 учесници, а се очекува и учество на околу 30 млади гости од Италија, Данска, Романија, Србија и Косово. Програмата опфаќа над 80 долгометражни и краткометражни филмови распределени во повеќе натпреварувачки категории, меѓу кои за најдобар долгометражен, краток, анимиран и ученички филм.

Натпреварувачката програма ќе биде отворена со македонскиот игран филм „Скејбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума. Во програмата ќе бидат прикажани и најновите кратки филмови на македонските автори Крсте Господиновски, Ханис Багашов, Трифун Ситниковски, Оливера Каменаровска, Лора Милошевска, Кирил Цеков и Фросина Захда.

Од регионалната продукција ќе биде прикажан црногорскиот игран филм „Видра“ на режисерот Срџан Вулетиќ, како и хрватскиот филм „Вториот дневник на Паулина П.“ во режија на Невен Хитрец.

Фестивалот и годинава ќе овозможи директни средби меѓу младата публика и филмските автори, а досега се потврдени гостувања на четворица режисери на долгометражни филмови кои по проекциите ќе разговараат со учесниците.

Покрај филмската програма, предвидени се и осум работилници насочени кон креативно создавање, учење и соработка. Новитет е ЕКО ЛАБ работилницата преку која младите ќе рециклираат пластични шишиња и со помош на 3Д печатач ќе изработуваат нови предмети. И годинава во соработка со „Пакомак“ ќе се реализираат активности за селектирање и рециклирање отпад.