Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Непал, Филипини и други држави од Азија – во недостаток на кадар, охридската сезона ќе ја спасуваат „увезени“ работници

Од Катманду и Манила до Охрид – туристичката сезона и ова лето ќе ја спасуваат работници од азиските земји. Охридските ресторани, кафулиња и хотели сѐ потешко наоѓаат домашни угостители бидејќи заминуваат на сезонска работа, најмногу во Хрватска. Тоа ги принудува спасот да го бараат илјадници километри далеку – во Непал, Филипини и други азиски земји. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Катманду и Манила до Охрид – туристичката сезона и ова лето ќе ја спасуваат работници од азиските земји. Охридските ресторани, кафулиња и хотели сѐ потешко наоѓаат домашни угостители бидејќи заминуваат на сезонска работа, најмногу во Хрватска. Тоа ги принудува спасот да го бараат илјадници километри далеку – во Непал, Филипини и други азиски земји.

Дваесет и тригодишната Сусмета Гири од Катманду пред две години го напуштила Непал и дошла во Охрид. Вели дека е задоволна од условите за работа и животот во Македонија, а со помош на колегите го совладала и македонскиот јазик.

„Јас дојдов преку агенција и тука работам. Колку си задоволна од работата овде? Убаво е, работам во ресторан како келнерка. Дали повеќе пари земаш овде или во Непал? Тука има повеќе од Непал“, вели Сусмета Гири.

Реклама

Сусмета не е единствена, со неа работат уште деветмина од Непал, а наскоро се очекува да пристигнат и нови работници. Недостигот од домашен кадар е реалност со која угостителите се соочуваат со години. Секогаш се трудиме да го задржиме персоналот со пристојни плати и добри услови за работа, но во недостаток на кадар бевме приморани да вработиме кадар од надвор, велат угостителите.

„Искуствата се добри, барем кај нас, бидејќи вработените сѐ уште, еве трета година, се тука активно. Вредни се, услужливи и задоволни се од условите и од платата. Мислам дека за нијанса се поисплатливи бидејќи нивните плати однапред се регулирани со договор и за нив се прифатливи, а за дел од нашиве не се прифатливи“, вели Игор Целески, менаџер на угостителски објект.

Иако ангажирањето странски работници носи дополнителни обврски и трошоци, дел од угостителите сметаат дека тоа е единствениот начин да се обезбеди континуитет во работата.

„Јас во принцип сум да не земаме луѓе од надвор, да се концентрираме на останатиот дел, на нашите луѓе да им дадеме нормални плати. Но, ако не можеме да најдеме, секако мора да донесеме од одредени држави бидејќи мора да функционираме“, вели Рашид Муса, сопственик на угостителски објект.

Сѐ додека домашниот кадар ја бара иднината надвор од државата или надвор од оваа професија, рестораните и хотелите ќе продолжат да ја пополнуваат празнината со работници од Далечниот Исток. Но за некои од нив Охрид и Македонија не се крајна дестинација. Откако ќе стекнат работно искуство и ќе го усовршат занаетот, размислуваат да заминат во земји каде што можат да заработат далеку повеќе.